Bosch AdvancedOrbit 18 (06033D2100) без акк. и з.у [156/205] Одржување и сервис

Bosch AdvancedOrbit 18 (06033D2100) без акк. и з.у [156/205] Одржување и сервис
156 | Македонски
1 609 92A 2LK | (9.5.17) Bosch Power Tools
Полирање
За полирање на лакови оштетени од времето или
полирање на гребнатини (на пр. акрилно стакло)
електричниот апарат може да се опреми со соодветните
алати за полирање како јагнешко крзно за полирање,
филц за полирање (опрема).
При полирањето изберете понизок број на осцилации
(степен 1 4), за да избегнете прекумерно загревање на
површината.
Доколку сакате да полирате, нанесете ја политурата на
помала површина. Средството за полирање нанесете го
со соодветен алат за полирање со вкрстени и кружни
движења и масивен притисок.
Оставете да се осуши средството за полирање на
површината, инаку таа би можела да се оштети. Никогаш
не ја изложувајте исполираната површина на директно
сончево зрачење.
Редовно чистете ги алатите за полирање, за да обезбедите
добри резултати од полирањето. Исперете ги алатите за
полирање со нежно средство за перење и топла вода, не
користете средства за разредување.
Табела на примена
Податоците во приложената табела се препорачани
вредности.
Најдобрата комбинација за обработка може да ја одредите
со практичен обид.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не
ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку батеријата не функционира повеќе, Ве молиме
обратете се во овластената сервисна служба за Bosch
електрични апарати.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и електронски
уреди и нивна национална употреба,
електричните апарати што се вон
употреба мора одделно да се собираат и
да се рециклираат на еколошки
прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Примена
Гранулација
(грубо брусење/
фино брусење)
Степен на број на
осцилации
Стругање на лакирани површини 180/240 2/3
Репарирање на лакирани
површини 120/240 4/5
Отстранување на лакот 40/60 5
Меко дрво 40/240 5/6
Цврсто дрво 60/240 5/6
Фурнир 180/240 24
Алуминиум 80/240 4/5
Челик 40/240 5
Отстранување на рѓата од
челикот 40/120 6
Челик без рѓа 80/240 5
Камен 80/240 5/6
OBJ_BUCH-2926-002.book Page 156 Tuesday, May 9, 2017 1:22 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать