Makita PLM4621N2 [269/308] Одржување и чување

Makita PLM4621N2 [269/308] Одржување и чување
269
Со вртливи машини на тркала, косете напречно по
падини, никогаш нагоре или надолу.
Бидете многу претпазливи кога менувате насока на
падини.
Не косете многу стрмни падини.
Бидете многу претпазливи кога одите наназад или
ја влечете косилката кон себе.
Сопрете ги сечилата ако косилката треба да се
навали за прев
оз кога се поминуваат површини што
не се тревни и кога ја пренесувате косилката до и
од подрачјето што треба да се коси.
Не работете со косилката ако штитниците се
оштетени или ако безбедносните делови, на пр.
одбојниците и/или собирачите на тревата, не се на
своите места.
Внимание: Косилката не см
ее да се употребува ако
целиот собирач за трева или штитникот на
самозатворачкиот отвор за исфрлање не се
поставени на своето место.
Не менувајте ги основните поставки на моторот и не
пребрзувајте го.
Немојте да го менувате или да вршите неовластени
промени кај кое било запечатено прилагодување на
ко
нтролите за брзината на моторот.
Безбедносните системи или карактеристики на
косилката не смеат да се подложуваат на
неовластени промени ниту пак да се
онеспособуваат.
Откочете ги сите сечила и погонски квачила пред да
го запалите моторот.
Запалете го моторот внимателно, според
упатството и со нозете далеку од сечилата.
Не нав
алувајте ја косилката кога го палите моторот.
Не палете го моторот кога стоите пред отворот за
исфрлување.
Не ставајте раце или нозе близу или под вртливите
делови. Бидете подалеку од отворот за
исфрлување во секое време.
Не кревајте ја и не носете ја косилката додека
моторот работи.
Сопрете го мо
торот и откачете го кабелот на
свеќичката, проверете дали сите подвижни делови
сопреле целосно и, кога има клуч, извадете го
клучот:
- пред да одглавувате блокирања или да го
чистите испустот;
- пред проверување, чистење или работење на
косилката;
- откако ќе удрите во некој предмет. Проверете ја
косилката да не е о
штетена и извршете ги
поправките пред да ја запалите повторно и да
работите со косилката.
- ако косилката почне да вибрира ненормално
(проверете веднаш).
Сопрете го моторот и откачете го кабелот на
свеќичката, проверете дали сите подвижни делови
сопреле целосно и, кога има клуч, извадете го
клучот:
- секогаш кога ја о
ставате косилката;
- пред полнење гориво.
Намалете го гасот додека моторот е изгаснат и, ако
моторот има вентил за прекин на доводот на
гориво, затворете го доводот на крајот на косењето.
Користете ја косилката само за нејзината намена,
за косење и собирање трева. Секоја друга употреба
може да биде риз
ична и може да предизвика
оштетување на машината.
Одржување и чување
Одржувајте ги сите навртки и завртки затегнати за
да бидете сигурни дека опремата е во безбедна
работна состојба.
Не одложувајте ја опремата со бензин во
резервоарот во објект каде што испарувањата може
да дојдат до отворен пламен или искра.
Дозволете моторот да се олади пред да го
складирате во некој з
атворен простор; Чистете ја и
одржувајте ја косилката пред складирање.
За да ја намалите опасноста од пожар, одржувајте
ги моторот, придушувачот, одделот за акумулаторот
и околината околу резервоарот за бензин чисти, без
трева, лисја или премногу маснотии.
Проверувајте го собирачот на тревата често да не е
изабен или истрошен.
Зам
енувајте ги изабените и оштетените делови за
поголема безбедност.
Ако резервоарот за гориво треба да се испразни,
тоа треба да се направи на отворено.
Неправилното одржување, употребата на
несоодветни резервни делови, или отстранувањето
или модификацијата на безбедносните компоненти
може да ја оштети косилката и сериозно да ги
повреди операторите.
Уп
отребувајте само препорачани сечила и резервни
делови од производителот. Употребата на
неоригинални делови може да ја оштети машината
и сериозно да ги повреди операторите. Чувајте ја
косилката во добра работна состојба.
Доколку уредот за запирање на сечилото не работи,
контактирајте го сервисниот центар за помош.
Транспортирање и ракување
Кога со машината треба да се ракува, да се
подигне, транспортира или навали, вие мора:
- да носите цврсти работни ракавици;
- да ја држите машината за точките кои нудат
стабилно држење, имајќи ги предвид тежината и
распределувањето на тежината;
- да користите соодветен број луѓе за тежината на
машината и карактеристиките на во
зилото или
местото каде што треба да се складира или
собере.
За време на транспортирањето, цврсто фиксирајте
ја машината со јажиња или синџири.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не допирајте сечило
што се врти.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Полнете гориво во
добро проветрено подрачје, со сопрен мотор.

Содержание

Скачать