Skil 2108 NE [113/128] Заштита на животната средина

Skil 2108 NE [113/128] Заштита на животната средина
113
ВАЖНО:
- ако зелената светилка B не трепка откако ќе се
вметне батеријата, тоа значи:
1) дека батеријата е премногу студена или
премногу врела (полначот полни само батерии
кога нивната температура е меѓу 0° C и 45° C)
2) дека батеријата треба да се смени
- литиум-јонската батеријата може да се полни во
кое било време (прекинувањето на процесот на
полнење не ја оштетува батеријата)
- литиум-јонската батерија не мора да биде празна
пред да се полни (нема „ефект врз долготрајноста„
како кај никел-кадмиумските батерии)
- при полнење полначот и батеријата се загреваат;
тоа е нормално и не претставува никаков проблем
- надворешните површини на батеријата треба да
бидат суви и чисти, пред да се стави батеријата во
полначот
- батеријата не смее да се вади во текот на
работата на апаратот
- значително намалениот период на работа по
полнењето посочува дека батеријата е стара и
треба да се замени
Промена на насоката на ротација #
- ако левата/десната позиција не легнат како што
треба, прекинувачот A 2 нема да може да стартува
! менувајте ја насоката на ротацијата само кога
алатот се наоѓа во целосно мирување
Замена на бургиите за дупчење $
- вметнете ја бургијата најдлабоко што можете во
држачот
- користете бургии на зашрафување во комбинација
со држач за бургии
! не употребувајте бургии со оштетена дршка
! употребувајте само остри бургии
Контрола на вртежниот момент (VariTorque) %
- излезниот обрт ќе се зголемува ако прстенот на
активаторот C се врти од 1 кон 19; позицијата D ќе
го заклучи активаторот за да се овозможи
дупчење или извршување тешки работи
- при завртување на некоја завртка најпрво
започнете со положбата 1(VariTorque) и потоа
полека зголемувајте до достигнување на саканата
длабочина
Светло F ^
Светилката F се вклучува автоматски кога ќе го
активирате прекинувачот A 2
Заштита на батеријата
Го исклучува алатот автоматски кога
1) оптоварувањето е преголемо
2) температурата на батеријата не е во дозволениот
опсег за температура од -10 до +60° C
3) литиум-јонската батерија е скоро празна (за да ја
заштити од целосно празнење)
! не продолжувајте да притискате на
прекинувачот за вклучување/исклучување
откако алатот ќе се исклучи автоматски;
батеријата ќе се оштети
Држење и насочување на алатот &
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- отворите за ладење G 2 држете ги отворени
- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој
сам да работи
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
При дупчење во метал
- најпрво издупчете помала дупка, кога сакате да
издупчите поголема дупка
- бургијата подмачкувајте ја со масло од време на
време
При навртување на штрафовите на краевите на
дрвото, прво треба да се издупчи мала дупка за да
се избегне разлистување на дрвото
За оптимална употреба на апаратот потребен е
постојан притисок на завртката, особено во текот на
одвртувањето
При завртување на завртката во тврдо дрво
претходно треба да се издупчи дупка
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
Секогаш одржувајте го чист апаратот и полначот
- исчистете ги контактите на полначот или со
алкохол или со чистач за контакти
! пред чистењето на полначот треба да се
извлече неговиот мрежен приклучок
Доколку алатот/полначот и покрај внимателното
работење и контрола некогаш откаже, поправката
мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за
електрични алати
- во случај на примедба, испратете го алатот или
полначот нерасклопен, заедно со
сметкопотврдата, до вашиот продавач или
најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на
www.skilmasters.com)
- ако полначот се расипе, испратете ги и полначот и
батеријата на застапникот или во сервис на SKIL
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
Не се ослободувајте од електични алати, уреди
или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 8 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
Акумулаторската батерија треба прописно да се
отстрани во отпад и не смее да се фрла во
домашниот отпад (на тоа потсетува симболот 9)
! пред да се фрли акумулаторската батерија во
отпад, заштитите ги нејзините полови

Содержание

Скачать