Bosch PAM 220 [120/196] Употреба

Bosch PAM 220 [120/196] Употреба
120 | Македонски
1 609 92A 0GD | (24.2.14) Bosch Power Tools
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само
батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе време,
извадете ги батериите од него. Доколку се подолго време
складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат.
Поставување на продолжетокот на кракот
Навлечете го продолжетокот на кракот 2 од предната страна на кракот
на преклопување 1. Навлечете го продолжетокот на кракот колку што
е потребно преку зглобот на мерниот уред.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на
сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
осцилации во температурата. Напр. не го оставајте долго време
во автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете
го мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или осцилации во
температурата, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
Одржувајте ја чистотата на површините на поставување и
контактните површини на мерниот уред. Заштитете го мерниот
уред од потреси и удари. Честичките нечистотија или
деформациите може да доведат до погрешно мерење.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете го копчето „On/Off“ 11.
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во режим на работа
„Стандардно мерење“.
За исклучување на мерниот уред притиснете го копчето „On/Off“ 11.
Доколку не се врши никаква акција во рок од 5 мин., мерниот уред
автоматски се исклучува заради одржување на батериите.
OBJ_BUCH-2176-002.book Page 120 Monday, February 24, 2014 9:58 AM

Содержание

Скачать