AEG F65401VI0P [6/72] Поврзување на водата

AEG F65401VI0P [6/72] Поврзување на водата
Поврзување на водата
Употребете нови црева за да го приклучите апаратот на довод за вода. Не
употребувајте користени црева.
Не приклучувајте го апаратот на нови или на цевки што не се користеле долго
време. Оставете ја водата да тече неколку минути, па дури потоа поврзете го
доводното црево.
Внимавајте да не ги згмечите или
оштетите цревата за вода при монтажата на
апаратот.
Проверете дали споевите се стегнати за да се спречи истекување на водата.
При првата употреба на апаратот, проверете од цревата да не протекува вода.
Доводното црево има сигурносен вентил и двојна заштитна обвивка со внатрешен
кабел за довод. Во доводното црево има
притисок само кога водата тече. Ако
доводното црево протекува, безбедносниот вентил го сопира протокот на водата.
Внимавајте кога го поврзувате доводното црево:
Не ставајте ги доводното црево или безбедносниот вентил во вода.
Доколку доводното црево или безбедносниот вентил се оштетени, веднаш
извадете го приклучокот од штекерот за струја.
Доводното
црево со безбедносен вентил може да го замени само сервисен
центар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасен напон.
Поврзување на струјата
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали податоците за струјата од плочката со спецификации одговараат
на напојувањето.
Секогаш користете правилно инсталиран приклучок за струја обезбеден од струјни
удари.
Не употребувајте штекери со повеќе приклучоци и кабли за продолжување. Постои
опасност од пожар.
Не заменувајте го ниту ставајте друг кабел за
струја. Контактирајте со сервисниот
центар.
6
Безбедносни информации

Содержание