Zanussi ZOB362X [36/68] Помошни напомени и совети

Zanussi ZOB362X [36/68] Помошни напомени и совети
Вентилатор за ладење
Кога апаратот работи, вентилаторот за
ладење се вклучува автоматски за да ги
одржува ладни неговите површини. Ако го
исклучите апаратот, ладењето запира.
Безбедносен термостат
За да се спречи опасно прегревање
(поради неправилно користење на
апаратот или дефектни делови), печката
е опремена со безбедносен термостат
што го прекинува напојувањето со струја.
Рерната автоматски се вклучува повторно
кога ќе падне температурата.
Функции на рерната
Функции на рерната Примена
Положба
исклучено (OFF)
Апаратот е исклучен.
Одмрзнување
За одмрзнување храна. Температурното копче треба да е
исклучено.
Готвење со
вентилатор
За печење месо или месо и тесто заедно, на повеќе нивоа,
без да дојде до пренесување на миризбите.
Цела скара
Целиот грејач за скара е вклучен. За печење рамни
парчиња храна во големи количини. За правење тостови.
Горен грејач
Загрева само од горниот дел на рерната. За довршување
на зготвени јадења.
Долен грејач
Загрева само од долниот дел на рерната. За печење колачи
со крцкав долен дел или во вид на тенка кора.
Конвенционално
готвење
Се користат и горниот и долниот грејач. За печење тесто и
месо на едно ниво.
Помошни напомени и совети
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Секогаш
затворајте ја вратата на рерната кога
готвите, дури и кога печете скара.
Немојте на дното од рерната да
ставате плехови за печење, тави, итн.
за да спречите оштетување на емајлот на
рерната.
Внимавајте при вадење или ставање
на приборот да не го оштетите
емајлот на рерната.
Рерната има четири нивоа за
решетките. Бројте ги нивоата од
долниот дел на рерната.
Истовремено можете да готвите
неколку јадења на различни нивоа.
Ставете ги решетките на висините 1 и 3.
Рерната е опремена со специјален
систем, кој обезбедува струење на
воздухот и постојано кружење на
пареата. Овој систем овозможува да се
готви во пареа и јадењата да останат
сочни однатре, а крцкави однадвор. Тој
ги намалува времето на готвење и
потрошувачката на енергија на
минимум.
36

Содержание