Zanussi ZOB362X [39/68] Нега и чистење

Zanussi ZOB362X [39/68] Нега и чистење
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да го
чистите апаратот, исклучете го.
Проверете дали апаратот е студен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не чистете го
апаратот со парочистачи или со
апарати под висок притисок.
ВНИМАНИЕ Не користете корозивни
или нагризувачки средства за
чистење, ниту остри предмети, средства
за отстранување дамки и груби сунѓери.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не чистете ја
стаклената врата со абразивни
средства за чистење или со метална
гребалка. Може да дојде до оштетување
на огноотпорната облога на внатрешното
стакло.
ВНИМАНИЕ Ако користите спреј за
рерна, придржувајте се на упатствата
на производителот.
Исчистете го предниот дел на апаратот
со мека крпа натопена во топла вода со
средство за чистење.
За чистите метални површини се
користи обично средство за чистење.
Исчистете ја внатрешноста на печката
по секоја употреба. Така полесно може
да ги отстраните нечистотиите и тие не
загоруваат.
Исчистете ја тврдокорната нечистотија
со специјално средство за чистење
печки.
Исчистете ги сите додатоци за печката
(со мека крпа натопена во топла вода со
средство за чистење) по секоја
употреба и оставете ги да се исушат.
Ако имате нелепливи додатоци, не
чистете ги со агресивни среддства,
предмети со ости работи или во машина
за миење садови. Така може да се
уништи нелепливиот слој!
Шини на решетките
Вадење на шините за држење на
решетките
1
Повлечете ги
предните шини од
страничниот ѕид.
1
2
2
Повлечете ги
задните шини од
страничниот ѕид и
извадете ги.
Монтирање на шините за држење на
решетките
Монтирајте ги шините во обратен
редослед.
Кружните краеви од шините мора да
бидат завртени нанапред!
Чистење на вратата од рерната
Пред да ја чистите вратата од рерната,
откачете од рерната.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да
почнете со чистење на стаклената
врата, проверете дали стаклените плочи
се изладени. Постои опасност стаклото да
се скрши.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Кога
стаклените плочи од вратата се
оштетени или на нив има гребаници,
стаклото станува слабо и може да се
скрши. За да го спречите тоа, мора да ги
замените. За повеќе упатства, обратете
се во локалниот сервисен центар.
39

Содержание