Gorenje VCK1901WF [16/42] Diagram

Gorenje VCK1901WF 305631 [16/42] Diagram
16
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА МК
DIAGRAM
Опис на правосмукалката
1. Телескопска цевка
2. Колено
3. Цевка која се витка
4. Копче за вклучување / исклучување
5. Копче за избор на моќ на смукање
6. Копче за намотување на приклучниот
кабел
7. Затворач на капакот
8. Отвор за смукање
9. Четка за под
Важни предупредувања
При употреба на правосмукалката треба
секогаш да ги почитувате следните
основни совети за безбедност:
Детално прочитајте ги овие упатства и
употребувајте го апаратот во согласност
со нив.
Не ја оставајте правосмукалката без
надзор во тек на употреба.
Внимание: пред да започнете да го
употребувате апаратот, составете ги
точно сите негови делови.
Не ја оставајте правосмукалката додека
е вклучена во електрична мрежа.
Извлечете го кабелот од мрежата по
употреба или при неговото одржување.
Не им дозволувајте на децата да ја
користат како играчка. Не го оставајте
апаратот кога се децата во близина и
чувајте го вон нивен дофат.
Користете го апаратот само во затворени
и суви простории. Апаратот не смее
никогаш да се користи за смукање
течности.
Користете го апаратот само со делови
што ги препорачува производителот.
Не употребувајте апарат кој паднал на
земја, кој е оштетен, кој бил чуван на
отворено или кој паднал во вода.
Не го движете апаратот низ собата со
негово влечење за кабел или цевка за
смукање. Заштитете го приклучниот
кабел од жешки површини и други
оштетувања и не го превиткувајте
кабелот.
Никогаш не го исклучувајте апаратот со
извлекување на кабелот од штекер.
Не го допирајте апаратот, приклучниот
кабел или штекерот со мокри раце.
Не ставајте никакви предмети во
отворите.
Во отворите не смее да има прав, коса
или нешто друго што може да го спречи
протокот на воздух или да ја намали
моќта на смукање.
Внимавајте вашата коса, висечки делови
од облека, прсти или други делови од
телото да не дојдат во допир со отворите
или подвижните делови од апаратот.
Исклучете го апаратот пред да го
извлечете приклучниот кабел од
штекерот.
Особено внимавајте при чистење на
скали.
Никогаш не ја користете правосмукалката
за чистење на запалени делови или
струготини, отпушоци од цигари, ќибрити,
запаливи материи (н.пр. пена за подови),
остри шилести предмети (парчиња
стакло и сл.)
Не го користете апаратот со несоодветни
додатоци.
Не го приближувајте отворот на цевката
за смукање и другите отвори до лицето и
телото.
Никогаш не го користете апаратот без
вреќа за прав, филтер за излезен воздух
или филтер за заштита на моторот.
Чувајте го апаратот во суви затворени
простории. Ставете го настрана по
употребата.
При употреба на автоматскиот намотувач
на кабелот, придржувајте го кабелот со
рака.

Содержание

Скачать