Cst/berger LD440 [67/109] Употреба

Cst/berger LD440 [67/109] Употреба
Македонски | 671 609 92A 0VB 2.6.14
Употреба
Ставање во употреба
При работата на мерниот уред во одредени околности се слушаат
гласни сигнални тонови. Затоа држете го мерниот уред подалеку
од ушите и други лица.
Гласниот тон може да го оштети слухот.
Заштитете го мерниот уред од директно изложување на
сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
осцилации во температурата. Напр. не го оставајте долго време
во автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете
го мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или осцилации во
температурата, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
Поставете го ласерскиот приемник, на тој начин што ласерскиот
зрак ќе достигне до полето за прием 1. Доколку ротацискиот ласер
располага со различни брзини на ротација, тогаш поставете ја
највисоката.
Вклучување/исклучување
При вклучување на мерниот уред се слуша гласен сигнален тон.
Затоа држете го мерниот уред подалеку од ушите одн. други
лица при вклучувањето. Гласниот тон може да го оштети слухот.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го мерниот уред само доколку
го користите.
За вклучување на мерниот уред притиснете го коп
чето за
вклучување-исклучување 2. Се слуша сигнален тон и кратко
светнуваат сите прикази на екранот.
За
исклучување
на мерниот уред, одново притиснете го копчето за
вклучување-исклучување
2
. За потврда се слуша двоен сигнален тон.
Доколку околу 58 мин. не се притисне ниедно копче на мерниот
уред и до приемното поле не достигне ласерски зрак 1 5–8мин.,
тогаш мерниот уред автоматски се исклучува заради заштита на
батериите. Исклучувањето се означува со сигнален тон.
Избирање на поставката за приказ на средината
Со копчето 3 може да ја утврдите точноста на мерењето (груба, средна
или прецизна), со којашто ласерските зраци се примени во полето за
прием 1.
–Притискајте го копчето 3 додека не се прикаже саканата мерна
точност на екранот 6.
При промена на поставката за точност, во зависност од избраната
поставка, се слушаат два или три сигнални тонови.
Поставката на точноста се зачувува при исклучување на мерниот уред.
Прикази за правец
Екранот 6 има 7 разделени канали за прием, коишто ја прикажуваат
позицијата на ласерскиот приемник во однос кон ласерската
рамнина. Колку поблиску ќе дојде ласерскиот зрак до средишната
ознака на ласерскиот приемник, толку повеќе цртички ќе се прикажат
на приказот на правец f одн. d.
Насочете го полето за прием 1 наспроти ротациониот ласер.
Движете го приемникот полека нагоре или надолу, додека
приказите за правец f и d не се појават на екранот 6 и/или се
слушне сигнален тон. Изберете ја чувствителноста со копчето 3, во
зависност од работните услови и саканата точност.
Движете го приемникот нагоре, доколку се појави приказот за
правец d (од вклучениот звучник се слуша бавен, пулсирач
ки тон).
Движете го приемникот надолу, доколку се појави приказот за
правец f (од вклучениот звучник се слуша брз, пулсирачки тон).
Доколку се достигне средината на полето за прием 1, средишната
ознака ќе се прикаже на екранот 6 и се слуша континуиран тон.
Мемориска функција
Доколку ласерскиот зрак излезе од полето за прием, ќе се зачува
последната позиција на ласерскиот зрак.
Електронски филтер
Електронскиот филтер го заштитува ласерскиот приемник од сончева
светлина и електромагнетски пречки.
Совети при работењето
Прицврстување со држач
Мерниот уред може да го прицврстите со помош на држач 10 на мерна
летва за градежен ласер , (опрема) како и на други помошни средства
со ширина до 65 мм.
Прицврстете го држачот 10 со завртката за прицврстување во
прифатот 8 на задната страна од мерниот уред.
–Олабавете го шрафот за фиксирање 11, притиснете го држачот
напр. на мерна летва за градежни ласери и повторно затегнете го
шрафот за фиксирање 11 .
Горниот раб 9 на држачот се наоѓа на истата висина како и средишната
ознака и може да се употреби за означување на ласерскиот зрак.
OBJ_BUCH-926-002.book Page 67 Monday, June 2, 2014 9:25 AM

Содержание

Скачать