Bosch GBH 2-26DFR [183/261] Опис на производот и перформансите

Bosch GBH 2-26DFR [183/261] Опис на производот и перформансите
Македонски | 183
цврсто држете го електричниот алат со двете раце.
Во спротивно, може да ја изгубите контролата врз
електричниот алат.
u Бидете внимателни за време на кршењето со длето.
Деловите што паѓаат од материјалот за кршење може
да ги повредат присутните или себе си.
Дополнителни безбедносни напомени
u Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
u Почекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
u Кратко по употребата не ги допирајте алатите за
вметнување или соседните делови на куќиштето.
За време на работата тие може да бидат многу жешки и
да предизвикаат изгореници.
u Алатот за вметнување може да се заглави за време
на дупчењето. Обезбедете сигурна положба и
цврсто држете го електричниот алат со двете раце.
Во спротивно, може да ја изгубите контролата врз
електричниот алат.
u Бидете внимателни за време на кршењето со длето.
Деловите што паѓаат од материјалот за кршење може
да ги повредат присутните или себе си.
u При работата, држете го електричниот алат цврсто
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
GBH2-26DRE, GBH2-26DFR:
Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во
бетон, цигли и камен како и за фино длетување. Тој исто
така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал,
керамика и пластика. Електричните алати со електронска
регулација и лев/десен тек се исто така погодни за
завртување.
GBH2-26RE:
Електричниот апарат е наменет за ударно дупчење во
бетон, цигли и камен. Тој исто така е погоден за дупчење
без удари во дрво, метал, керамика и пластика.
Електричните апарати со електронска регулација и тек
лево/десно се исто така погодни за зашрафување/
одвртување.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1)
Брзозатегнувачка заменлива глава за дупчење
(GBH2-26DFR)
(2)
SDSplus заменлива глава за дупчење
(GBH2-26DFR)
(3)
Прифат на алат SDSplus
(4)
Капак за заштита од прав
(5)
Чаура за заклучување
(6)
Прстен за заклучување на заменливата глава за
дупчење (GBH2-26DFR)
(7)
Прекинувач за менување на правецот на вртење
(8)
Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(9)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(10)
Копче за отклучување за прекинувачот за
запирање на удари/вртежи
(GBH2-26DRE, GBH2-26DFR)
(11)
Прекинувач за запирање на удари/вртежи
(GBH2-26DRE, GBH2-26DFR)
(12)
Копче за подесување на граничникот за
длабочина
(13)
Граничник за длабочина
(14)
Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)
(15)
Копче за отклучување на прекинувачот за
„дупчење/ударно дупчење“
(GBH2-26RE)
(16)
Прекинувач за „дупчење/ударно дупчење“
(GBH2-26RE)
(17)
Рачка (изолирана површина на рачката)
(18)
Безбедносна завртка за запчестата глава за
дупчење
a)
(19)
Запчеста глава за дупчење
a)
(20)
SDSplus-вратило за прифат на главата за
дупчење
a)
(21) Прифат за главата за дупчење (GBH2-26DFR)
Bosch Power Tools 1 609 92A 625 | (11.01.2022)

Содержание

Похожие устройства

Скачать