Bosch GKS600H [163/223] Вклучување исклучување

Bosch GKS600H [163/223] Вклучување исклучување
Македонски | 163
u Адаптерот за всисување не смее да се монтира без
приклучено надворешно всисување. Инаку каналот
за всисување може да се запуши.
u На адаптерот за всисување не смее да се
приклучува ќеса за прав. Инаку системот за
всисување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално всисување,
адаптерот за всисување (26) мора редовно да се чисти.
Надворешно всисување
Поврзете го цревото за всисување со всисувач за прав
(опрема). Прегледот за приклучување на различните
видови на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од
ова упатство.
Електричниот алат може да се приклучи директно на
приклучницата на Bosch-универзален всисувач со уред
за далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот алат.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Работа
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Начини на работа
Подесување на длабочината на сечење (види слика D)
u Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, треба да биде видливо помалку од
полната висина на запците.
Олабавете го затезната рачка (28). За помала длабочина
на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (11), а за
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча
(11). Саканата димензија подесете ја на скалата за
длабочина на сечење. Повторно цврсто стегнете го
затезната рачка (28).
Доколку по отпуштањето на затезната рачка (28) не може
целосно да се подеси длабочината на сечење, повлечете
ја затезната рачка (28) од пилата и навалете ја надолу.
Повторно отпуштете ја затезната рачка (28). Повторете ја
оваа постапка, додека не ја подесите саканата длабочина
на сечење.
Доколку по затегнувањето на затезната рачка (28)
длабочината на сечење не може целосно да се фиксира,
повлечете ја затезната рачка (28) од пилата и навалете ја
нагоре. Повторно отпуштете ја затезната рачка (28).
Повторете ја оваа постапка, додека не ја фиксирате
длабочината на сечење
Подесување на закосениот агол
Олабавете ја пеперутка-завртката (5). Навалете ја пилата
странично. Саканата димензија подесете ја на скалата
(4). Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (5).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (29).
Ознаки за сечење
0 45
0 45
Ознаката за сечење 0° (8) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за
сечење 45° (7) ја прикажува позицијата на сечилото за
пила при сечење под 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата.
Најдобро е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Вклучување/исклучување
(3601FA900.)
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (2) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(1) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (1) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Вклучување/исклучување
(3601FA90K./3601FA90L.)
u Проверете дали можете да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(1) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (1) притиснете го копчето за
фиксирање (2).
Bosch Power Tools 1 609 92A 4DH | (03.02.2021)

Содержание

Похожие устройства

Скачать