Bosch Zamo III Set 3 адаптера 0.603.672.701 [357/502] Безбедносни напомени

Bosch Zamo III basic 0.603.672.700 [357/502] Безбедносни напомени
Македонски
Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да
се внимава на нив, за да може безбедно
и без опасност да работите со мерниот
уред. Доколку мерниот уред не се
користи согласно приложените
инструкции, може да се наруши функцијата на
вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги
оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО
ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО
СО МЕРНИОТ УРЕД.
u Не работете со мерниот уред во околина каде постои
опасност од експлозија, каде има запаливи течности,
гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои
може да ја запалат правта или пареата.
u Мерниот уред се испорачува со налепница за
предупредување (означено на приказот на мерниот
уред на графичката страница).
u Доколку текстот на налепницата за предупредување
не е на вашиот јазик, врз него залепете ја
налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак кон
лица или животни и немојте и Вие самите
да гледате во директниот или
рефлектирачкиот ласерски зрак. Така
може да ги заслепите лицата, да
предизвикате несреќи или да ги оштетите очите.
Македонски | 357
Bosch Power Tools 1 609 92A 454 | (14.06.2018)

Содержание

Скачать