Bosch ALR 900 Raker 060088A000 [201/255] Отстранување грешки

Bosch ALR 900 Raker 060088A000 [201/255] Отстранување грешки
Македонски | 201
Bosch Power Tools F 016 L81 483 | (28.9.16)
Ако машината повторно се исклучи, подигнете ја
работната височина или одложете ја работата до
подобрување на условите. Прочитајте ја оваа «Табела на
проблеми» и «Совети за гребење и прозрачување
тревници».
Совети за гребење и прозрачување тревници
Најдобри услови за гребење и прозрачување на тревници
се кога тревата е кратка и умерено влажна. Гребењето и
прозрачувањето на тревникот кога земјата е премногу
мека или премногу сува може да го оштети тревникот и да
ги влоши резултатите на уредот.
Уништете ја мовта со соодветно средство пред
гребењето/прозрачувањето.
–Стартувајте го ALR 900/AVR 1100 на најголема работна
височина и намалувајте ја според потребата.
Гребете/прозрачувајте го тревникот прво во еден
правец, а една седмица подоцна и во другиот правец,
додека целиот тревник не е обработен.
Отстранувањето на мовта и коровот може да влијае на
гребењето/прозрачувањето и да остави траги во
зависност од состојбата на тревникот.
Напомена: Ако има многу дрвени отпадоци (на пример
лисја, гранки и слично) на површината, прво соберете ги
со машината на работна височина 3 или 4.
За најдобар резултат искосете го тревникот пред повторно
засејување. Подобрете ја густината на тревата со
додавање висококвалитетно семе на празните или ретки
места после гребењето/прозрачувањето. Дозволете
новото семе да пушти корен пред да го наѓубрите, а по
потреба наводнувајте за семето да не се исуши.
Најдобро време за гребење/прозрачување е пролет и
доцна есен.
Тревникот исто така може да се одржува и со
гребење/прозрачување на поголема работна височина
после секои шест косења.
Отстранување грешки
Во следната табела се прикажани симптомите на проблеми и како тие да се отстранат, ако машината не работи како што
треба. Ако сепак не можете да го пронајдете и отстраните проблемот, обратете се во овластен сервис.
Внимание: Пред прегледување и барање на
проблемот, згаснете го уредот и исклучете го од
напојување.
Проблем Можна причина Решение
Косачката не работи Нема снабдување со струја Проверете и вклучете
Утикачот е неисправен Користете друг утикач
Продолжниот кабел е оштетен Проверете го кабелот и ако е потребно
заменете го
Прегорен осигурувач Заменете го осигурувачот
Можно запушување Проверете под косачката и по потреба
исчистете ја (секогаш носете заштитни
ракавици)
Активирана е заштитата на моторот
(само AVR 1100)
Види под*
Височината на гребење/проветрување
и премногу ниска за дадените услови
Зголемете ја работната височина
Роторот застанува Отстранете го запушувањето (секогаш
носете заштитни ракавици)
Блокирани странични решетки Отстранете ги отпадоците од
надворешната страна на решетките
Собирната корпа полна Редовно празнете ја собирната корпа
Косачката работи со прекини Продолжниот кабел е оштетен Проверете го кабелот и ако е потребно
заменете го
Проблем со внатрешната инсталација
на уредот
Побарајте помош од сервис
Оштетен/изгубен забец/сечило ALR 900:
Ставете замена (види «Демонтажа и
монтажа на запци»)
AVR 1100:
Побарајте помош од сервис
OBJ_BUCH-835-005.book Page 201 Wednesday, September 28, 2016 6:13 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать