Bosch GCO 14-24 J 0.601.B37.200 [78/131] Безбедносни предупредувања за машината за сечење

Bosch GCO 14-24 J 0.601.B37.200 [78/131] Безбедносни предупредувања за машината за сечење
78 | Македонски
1 609 92A 4JZ | (03.08.2018) Bosch Power Tools
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
u Одржување на електрични алати и дополнителна
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
u Електричниот алат, дополнителната опрема,
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
u Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
u Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни предупредувања за машината за
сечење
u Вие и луѓето во близина поместете се подалеку од
работната површина на ротирачкиот диск.
Заштитата го заштитува операторот од скршените
парчиња на дискот и случаен контакт со истиот.
u Користете исклучиво споени, зајакнати дискови за
сечење за вашиот електричен алат. Само затоа што
дополнителната опрема може да се вгради на вашиот
електричен алат, не значи дека може да се осигура
безбедно работење.
u Утврдената брзина на дополнителната опрема мора
да биде најмалку еднаква на максималната брзина
означена на електричниот алат. Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
u Дисковите мора да се користат само за соодветни
намени. На пример: не користете диск за сечење за
странично брусење. Абразивните дискови за сечење
се наменети за периферно брусење, страничните сили
што се применуваат на овие дискови може да
предизвикаат нивно распарчување.
u Секогаш користете неоштетени прирабници со
правилна големина и форма за вашиот диск.
Соодветни прирабници за дискови го потпираат
дискот, со што се намалува можноста од кршење на
дискот.
u Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата
дополнителна опрема мора да биде во рамките на
класата на вашиот електричен алат. Дополнителна
опрема со несоодветна величина не може соодветно
да се заштити и контролира.
u Големината на осовината на дисковите и
прирабниците мора правилно да се вклопува во
вретеното на електричниот алат. Дисковите и
прирабниците чијашто дупка за осовина не се
вклопува во намонтираниот тврд дел на електричниот
алат, ќе изгубат рамнотежа, прекумерно ќе вибрираат
и може да предизвикаат губење на контрола.
u Не користете оштетени дискови. Пред секоја
употреба, проверете дали дисковите имаат
процепи или пукнатини. Доколку електричниот алат
или дискот паднат, проверете дали се оштетени или
инсталирајте неоштетен диск. По проверката или
инсталирањето на дискот, вие и луѓето во близина
поместете се подалеку од работната површина на
ротирачкиот диск и вклучете го електричниот алат
на максимална брзина без оптоварување една
минута. Оштетените дискови вообичаено се
расипуваат во текот на овој тест период.
u Носете лична заштитна опрема. Во зависност од
примената, користете штитник за лице,
безбедносни или заштитни очила. Како што е
соодветно, носете маска за заштита од прашина,
штитници за уши, ракавици и работничка престилка
којашто ги запира малите абразивни парчиња или
парчиња од делот што го обработувате. Заштитата
за очи мора да овозможи спречување на остатоци што
се распрскуваат при работењето. Маската против прав
или респираторот мора да ги филтрира честичките што
се генерираат при работењето. Долготрајна
изложеност на интензивна бучава може да доведе до
губење на слухот.
u Луѓето во ваша близина треба да бидат оддалечени
од работниот простор. Секој што влегува во
работниот простор мора да носи лична заштитна
опрема. Парчињата од делот што го обработувате или
од расипаниот диск може да се распрскаат и да
предизвикаат повреда надвор од непосредната
работна површина.
u Тргнете го настрана кабелот од ротирачка
дополнителна опрема. Доколку изгубите контрола,

Содержание

Скачать