Bosch GCO 14-24 J 0.601.B37.200 [79/131] Дополнителни безбедносни напомени

Bosch GCO 14-24 J (0601B37200) [79/131] Дополнителни безбедносни напомени
кабелот може да се пресече или закачи и вашата
дланка или рака може да влезе во ротирачкиот диск.
u Редовно чистете ги воздушните вентили на
електричниот алат. Моторот на вентилаторот може да
ја повлече прашината во куќиштето, а претераната
акумулација на метален прав може да предизвика
опасност од електрична енергија.
u Не работете со електричниот алат во близина на
запаливи материјали. Не работете со електричниот
алат доколку се наоѓа на запалива површина, како
на пример на дрво. Искрите можат да ги запалат овие
материјали.
u Не користете дополнителна опрема за која се
потребни течни разладувачи. Користењето вода или
други течни разладувачи може да доведе до смрт или
струен удар.
Одбивање и слични предупредувања
Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или
закачен ротирачки диск. Приклештувањето или
закачувањето предизвикува брзо маневрирање на
ротирачкиот диск, кое од друга страна, предизвикува
неконтролираната единица за сечење присилено да се
движи кон операторот.
На пример, ако абразивен диск е закачен или
приклештен од делот што го обработувате, острицата на
дискот која влегува во приклештената точка може да се
зарие во површината на материјалот и дискот да се
помести или ослободи. Абразивните дискови, исто така,
може да се искршат под овие услови.
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или
несоодветно работење или услови, и може да се избегне
со преземање на соодветните превентивни мерки
наведени подолу.
u Цврсто држење на електричниот алат и
позиционирање на вашето тело и рака за да се
овозможи отпор на силите на одбивање.
Операторот може да ги контролира реакциите на
силата на одбивање, доколку се преземат соодветни
превентивни мерки.
u Не застанувајте во линија и зад ротирачкиот диск.
Доколку дојде до одбивање, ќе ја насочи единицата за
сечење кон операторот.
u Не закачувајте ланец на пилата, сечило за длабење,
сегментирани дијамантски дискови со периферна
празнина поголема од 10mm или назабено сечило
за пила. Овие сечила предизвикуваат брзи одбивања
и губење на контрола.
u Не го „притискајте“ дискот за сечење и не
применувајте прекумерен притисок. Не
настојувајте да направите прекумерно длабок
засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува
оптоварувањето и осетливоста на виткање и
навалување на дискот во засекот и можноста за
одбивање или кршење на дискот.
u Кога дискот се навалува или кога го прекинува
сечењето заради некоја причина, исклучете го
електричниот алат и, оставете ја единицата за
сечење неподвижна додека дискот целосно не
запре. Никогаш не настојувајте да го отстраните
дискот за сечење од засекот додека се движи, во
спротивно може да дојде до одбивање. Проверете и
преземете соодветно дејство за да ја елиминирате
причината за навалување на дискот.
u Не започнувајте повторно со сечење во делот што
го обработувате. Почекајте додека дискот да
достигне целосна брзина и внимателно влезете
повторно во засекот. Дискот може да се навали,
придвижи или одбие ако го рестартирате
електричниот алат во делот што го обработувате.
u Потпрете го преголемиот дел што го обработувате
за максимално да го намалите ризикот од
приклештување и одбивање на дискот. Големите
делови што ги обработувате се искривуваат под
својата тежина. Потпирачите мора да се стават под
делот што го обработувате, покрај линијата на засекот
и покрај ивицата на делот што го обработувате на
двете страни на дискот.
Дополнителни безбедносни напомени
u Добро чувајте го некористениот електричен алат.
Местото на складирање мора да биде суво и
затворено. Ова спречува оштетување на
електричниот алат за време на складирањето или тој
да биде ракуван од страна на неискусни лица.
u Секогаш зацврстувајте го добро делот што се
обработува. Не обработувајте парчиња, кои се
премали за добро да се зацврстат. Така,
растојанието од Вашата дланка до ротирачката брусна
плоча за сечење би било премало.
u Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е
оштетен смее да го поправи само овластената
сервисна служба за електрични алати на Bosch.
Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете
го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во
безбедноста на електричниот алат.
u Не ставајте ништо на електричниот алат. Може да
настанат сериозни повреди, доколку електричниот
алат се преврти или доколку случајно дојдете во
контакт со листот за пилата.
u Секогаш користете ја заштитната хауба. Заштитната
хауба го штити корисникот од скршените делови на
брусната плоча за сечење и од невнимателно
допирање на истата.
u По исклучувањето не ја закочувајте брусната плоча
за сечење со странично притискање. Брусната плоча
за сечење може да се оштети, скрши или да
предизвика повратен удар.
u Не го оставајте настрана алатот, доколку не е
целосно во состојба на мирување. Електричните
алати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
Македонски | 79
Bosch Power Tools 1 609 92A 4JZ | (03.08.2018)

Содержание

Скачать