Bosch GCO 14-24 J 0.601.B37.200 [80/131] Ознаки

Bosch GCO 14-24 J 0.601.B37.200 [80/131] Ознаки
80 | Македонски
1 609 92A 4JZ | (03.08.2018) Bosch Power Tools
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската
интерпретација на ознаките Ви помага подобро и
побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење
Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење со брусни плочи,
додека работи електричниот алат.
Доколку дојдете во контакт со листот за
сечење постои опасност од повреда.
Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да
предизвика губење на слухот.
Носете заштитни очила.
Носете маска за заштита од прав.
Носете заштитни ракавици. Брусните
плочи за сечење имаат остри рабови и
за време на работењето стануваат
многу жешки.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Електричниот алат, како фиксиран уред, е наменет за
изведување на агли со косо сечење до 45° со помош на
должински и напречни резови со брусната плоча за
сечење со прав тек на резот во метални материјали без
користење на вода. Не е дозволена употребата на
дијамантски дискови за сечење.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1)
Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(2)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(3)
Дршка
(4)
Осцилаторен заштитен капак
(5)
Блокада за вретеното
(6)
Брусна плоча за сечење
(7)
Аголен граничник
(8)
Вретено за фиксирање
(9)
Брзо отклучување
(10)
Дршка за вретеното
(11)
Отвори за монтажа
(12)
Клуч со внатрешна шестаголна глава (8mm)
(13)
Основна плоча
(14)
Стезна челуст
(15)
Основа за делови за обработка со пресек макс.
40 x 40 mm
(16)
Завртка за фиксирање за аголниот граничник
(17)
Транспортен осигурувач
(18)
Рачка на апаратот
(19)
Транспортна дршка
(20)
Заштитен капак
(21)
Плех за заштита од искри
(22)
Вретено на алатот
(23)
Стезна прирабница
(24)
Подлошка
(25)
Завртка со внатрешна шестаголна глава
Технички податоци
Брусилка за сечење со
брусни плочи
GCO 14-24 J
Број на дел/артикл
3 601 M37 2..
Номинална јачина W 2400
Број на вртежи во празен
од
мин
-1
3800
Фин старт
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014
kg 18,0
Класа на заштита / II
Дозволени димензии на делот што се обработува (максимално/
минимално): (види „Дозволени димензии на делот што се
обработува“, Страница83)
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Димензии за соодветни брусни плочи за сечење
макс. дијаметар на
брусната плоча за сечење
mm 355
макс. дебелина на брусната
плоча за сечење
mm 3

Содержание

Скачать