Bosch GCO 14-24 J 0.601.B37.200 [82/131] Употреба

Bosch GCO 14-24 J 0.601.B37.200 [82/131] Употреба
82 | Македонски
1 609 92A 4JZ | (03.08.2018) Bosch Power Tools
Монтирање на брусната плоча за сечење
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
Новата брусна плоча за сечење ставете ја во вретеното
на алатот (22), така што налепницата ќе покажува
настрана од рачката на алатот.
Поставете ја стезната прирабница (23), подлошката
(24) и завртката со внатрешна шестаголна глава (25).
Притиснете ја блокадата на вретеното (5) додека не се
вклопи и повторно зацврстете ја завртката со
шестаголна глава (25) во правец на стрелките на
часовникот. (Вртежен момент на затегање околу 18–
20Nm)
Полека водете го надолу осцилаторниот заштитен
капак (4), додека не се покрие брусната плоча за
сечење.
Проверете дали осцилаторниот заштитен капак (4)
правилно функционира.
По монтажата на брусната плоча за сечење, пред
вклучувањето, проверете дали брусната плоча за сечење
е точно монтирана и дали може слободно да се врти.
Проверете дали брусната плоча за сечење стрчи на
осцилаторниот заштитен капак (4), на фиксираниот
заштитен капак (20) или на другите делови.
Активирајте го електричниот алат за околу 30 секунди.
Доколку се појават значителни вибрации, веднаш
исклучете го електричниот алат и одново демонтирајте
ја и монтирајте ја брусната плоча за сечење.
Употреба
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Транспортен осигурувач (види слика C)
Транспортниот осигурувач (17) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (3),
за да го ослободи транспортниот осигурувач (17).
Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (17).
Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Напомена: При работењето внимавајте на тоа,
транспортниот осигурувач да не е притиснат навнатре,
инаку рачката на алатот нема да може да се навали на
саканата длабочина.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
Водете ја рачката на алатот надолу додека
транспортниот осигурувач (17) целосно не се
притисне навнатре.
Останати напомени за транспорт (види „Транспорт“,
Страница84).
Подесување на аголот на закосување (види
слика D)
Аголот на закосување може да се постави во граници од
0° до 45°.
Важните вредности за подесување се означени со
соодветните ознаки на аголниот граничник (7).
Позициите 0° и 45° се осигуруваат со помош на крајниот
граничник.
Олабавете ги завртките за фиксирање (16) на
аголниот граничник со испорачаниот клуч со
внатрешна шестаголна глава (12)(8mm).
Поставете го саканиот агол и повторно затегнете ги
двете завртки за фиксирање (16).
Поместување на аголниот граничник (види слика D−E)
Аголниот граничник (7) можете да го поместите наназад,
доколку сакате да пресечете парчиња со ширина
поголема од 140mm.
Целосно одвртете ги завртките за фиксирање (16) со
испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава
(12) (8mm).
Поместете го аголниот граничник (7) на саканото
растојание за една или две дупки наназад.
Поставете го саканиот агол и повторно затегнете ги
двете завртки за фиксирање (16).
Прицврстување на делот што се обработува
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да
се зацврстат.
Прицврстување на делот што се обработува (види
слика E)
Ставете го делот што се обработува на аголниот
граничник (7).
Лостот за фиксирање (8) ставете го на делот што се
обработува и цврсто затегнете го со помош на рачката
на вретеното (10).
Прицврстување на делот (пресек макс. 40 x 40 mm) на
основа за делови за обработка (види слика F−H)
Поставете го стандардниот агол на закосување 0° на
аголниот граничник (7).
Лесно подигнете ја основа за делови за обработка (15)
и вметнете ја низ процепот на аголниот граничник.
Закачете ги куките на основата за делови за обработка
во отворот на стезната челуст (14).
Поставете го делот за обработка на основата (15).
Лостот за фиксирање (8) ставете го на делот што се
обработува и цврсто затегнете го со помош на рачката
на вретеното (10).

Содержание

Скачать