Bosch GLL 2-80 Professional (0.601.063.204) + Детектор PMD7 [134/217] Совети при работењето

Bosch GLL 2-80 Professional (0.601.063.204) + Детектор PMD7 [134/217] Совети при работењето
134 | Македонски
1 609 92A 1YU | (4.7.16) Bosch Power Tools
Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
висината. Насочете го на ѕидот A, така што
вертикалната ласерска линија проаѓа низ веќе
означената точка I. Оставете го мерниот уред да се
нивелира и означете ја точката на вкрстување на
ласерските линии на ѕидот A (точка III).
Разликата d на двете означени точки I и III на ѕидот A го
дава фактичкото отстапување од висината на мерниот
уред по должина на попречната оска.
На мерната линија од 2 x 5 m =10m максималното
дозволено отстапување изнесува:
10 m 0,2mm/m 2mm.
Според тоа, разликата d помеѓу точките I и III смее да
изнесува најмногу 2 mm.
Проверка на точноста на нивелирањето на
вертикалната линија
За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на
цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од
најмалку 2,5 м.
Поставете го мерниот уред на 2,5 м растојание од
отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на
статив). Оставете го мерниот уред да се нивелира во
вертикален режим со автоматиката за нивелирање и
насочете ги ласерските линии на отворот од вратата.
Означете ја средината на вертикалната ласерска линија
на подот од отворот на вратата (точка I
), на 5 м
растојание од другата страна на отворот од вратата
(точка II) како и на горниот раб на вратата од отворот
(точка III).
Свртете го мерниот уред за 180° и поставете го на
другата страна на отворот на вратата директно зад
точката II. Оставете го мерниот уред да се нивелира и
насочете ја вертикалната ласерска линија така што
нејзината средина ќе поминува точно низ точките I и II.
Обележете ја средината на ласерската линија на
горниот раб на отворот на вратата како точка IV.
Разликата d на двете означени точки III и IV го дава
фактичкото отстапување на мерниот уред од
вертикалата.
Измерете ја висината на отворот од вратата.
Максимално дозволеното отстапување го пресметувате на
следниот начин:
двојна висина на отворот на вратата x 0,2 mm/m
Пример: При висина од 2 m на отворот на вратата,
максималното отстапување смее да изнесува
2x2m 0,2mm/m 0,8mm. Според тоа, точките III и
IV смеат да лежат најмногу 0,8 mm една од друга.
Совети при работењето
За обележување, секогаш користете ја само
средината на ласерската линија. Ширината на
ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Работење со целна табла за ласерот
Целната табла за ласерот 15 ја подобрува видливоста на
ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката половина на целната табла на ласерот
15 ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ
транспарентната половина ласерската линија е видлива и
од задната страна на целната табла на ласерот.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
1/4"-прифатот на стативот 9 на навојот на стативот 22 или
обичен фото-статив. За прицврстување на обичен
градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив 8.
Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на
стативот.
A
B
dd
180°
2,5 m
2,5 m
2 m
d
OBJ_BUCH-907-005.book Page 134 Monday, July 4, 2016 2:41 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать