Bosch 601596000 [150/0] Технички податоци

Bosch GHO 6500H [150/205] Технички податоци
150 | Македонски
Технички податоци
Ренде GHO 6500
Број на дел
06015960..
Номинална јачина W 650
Број на вртежи во празен од min
-1
16500
Длабочина на струготината mm 0–2,6
Длабочина на засекот mm 0–9
Макс. ширина на рендето mm 82
Тежина согласно EPTA-Proce-
dure 01:2014
kg 2,8
Класа на заштита
/II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласноEN62841-2-14.
Нивото на звук на електричниот алат оценето соА
типично изнесува: ниво на звучен притисок 86dB(A);
ниво на звучна јачина 97dB(A). Несигурност K=3dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
EN62841-2-14:
a
h
= 5,5 m/s
2
, K = 1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Избор на сечило на рендето
Електричниот алат може да се опреми со различни
сечила на рендето.
Со вградување на адаптерот (34) (опрема) електричниот
алат може да се вгради од HSS-сечила (15) на HM/TC-
сечило на рендето (20).
При замена на сечилата, секогаш заменете ги двете
сечила на рендето, инаку нерамнотежата ќе создаде
вибрации и рокот на употреба на електричниот алат ќе се
скрати.
Замена на HSS-сечилото на рендето
u Внимавајте при замената на секачот на рендето. Не
го фаќајте секачот на рендето на рабовите за
сечење. Може да се повредите од острите рабови за
сечење.
Демонтирање на сечилото на рендето (види слики A–
C)
За да го замените сечилото на рендето свртете ја
главата на сечилото (13), додека стезната челуст (12)
не се постави паралелно кон подлогата на рендето (8).
Одвртете ги 3-те завртки за прицврстување (11) со
Torx-клучот (10) и извадете ја стезната челуст (12).
Извадете го заштитниот држач (16) заедно со
сечилото на рендето (15) од главата на сечилото (13)
одн. водечкиот жлеб (14).
Свртете ја главата на сечилото за 180° и демонтирајте
го 2-то сечило на рендето.
Напомена: Пред замената одн. дополнителното острење
на сечилото на рендето извадете го заштитниот држач
(16) со олабавување на завртката за прицврстување
(17).
Дополнително острење на HSS-сечилото на рендето
(види слика D)
Со користење на справата за острење (18) (опрема) и
обичен брусен камен може да ги наострите
искористените одн. тапите HSS-сечила на рендето.
Ставете ги двете сечила на рендето во справата за
острење и прицврстете ги со пеперутка-завртката. Двете
сечила на рендето треба да се вметнати до крај.
Рамномерно движете ги сечилата на рендето поставени
во справата за острење и со лесен притисок над брусниот
камен.
Напомена: Сечилата на рендето смеат да се избрусат за
максимум 6mm на најмала ширина од 23mm. Потоа
двете сечила мора да се заменат.
Монтирање на сечилото за ренде (видисликиE–F)
Пред повторното ставање на нови односно дополнително
избрусени сечила на рендето, исчистете ја главата на
1 609 92A 4LE | (25.03.2021) Bosch Power Tools

Содержание

Похожие устройства

Скачать