Bosch 601596000 [152/0] Подесување на длабочината на стругање

Bosch GHO 6500H [152/205] Подесување на длабочината на стругање
152 | Македонски
Монтирајте го составеното HSS-сечило за ренде (види
„Монтирање на сечилото за ренде (видисликиEF)“,
Страница150) и израмнете го на средината на
подлогата на рендето (8).
Поставете ја стезната челуст (12) и затегнете ги 3-те
завртки за прицврстување (11) со Torx-клучот (10).
Притоа придржувајте се до наведениот редослед на
затегнување на стезната челуст (12) (①②③).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
u Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Редовно чистете го исфрлувачот на струготини (3). За
чистење на затнатиот исфрлувач на струготини користете
соодветен алат на пр. дрвено парче, компресиран воздух
итн.
u Не ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може
да се повредите од ротирачките делови.
Заради обезбедување на оптимално всисување
постојано користете надворешен уред за всисување или
вреќичка за прав/струготини.
Употреба
Ставање во употреба
u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Подесување на длабочината на стругање
Со вртливото копче(2) може да се подеси длабочината
на стругање бесстепено од0–2,6mm со помош на
скалата за длабочина на стругање(1) (поделба на
скалата= 0,1mm).
Вклучување/исклучување
u Проверете дали можете да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување(4) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување(5) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување(5).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување(5) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Совети при работењето
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Држач на рендето при паузирање (види слика N)
Држачот на рендето при паузирање (29) овозможува
запирање на електричниот алат веднаш по работниот
процес без опасност од оштетување на делот што се
обработува или сечилото на рендето. За време на
работниот процес, држачот на рендето при паузирање
(29) се подига нагоре и задниот дел на подлогата на
рендето се отпушта (8).
Процес на рендање (види слика N)
Поставете ја саканата длабочина на стругање и поставете
го електричниот алат со предниот дел на подлогата од
рендето (8).
u Ставете го електричниот алат само кога е вклучен
на делот што се обработува. Инаку постои опасност
од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се
заглави во делот што се обработува.
Вклучете го електричниот алат и водете го со иста брзина
по површината што ја обработувате.
За постигнување на висококвалитетни површини,
работете со мала брзина и со постојан притисок на
центарот на подлогата на рендето.
При обработка на цврсти материјали, на пр. цврсто дрво,
како и при користење на максималната ширина на
рендето поставете мала длабочина на стругање и ев.
намалете ја брзината на рендање.
Зголемената брзина го намалува квалитетот на горните
површини и може да доведе до брзо затнување на
исфрлувачот на струготини.
Само острите секачи на рендето овозможуваат добар
капацитет на сечење и зголемуваат рокот на употреба на
електричниот алат.
Вградениот држач на рендето при паузирање (29)
овозможува продолжување на процесот на рендање
откако ќе прекинете, на одреден дел од парчето што се
обработува:
1 609 92A 4LE | (25.03.2021) Bosch Power Tools

Содержание

Похожие устройства

Скачать