Bosch 601596000 [153/0] Рендиња со паралелен аголен граничник види слики k m

Bosch 601596000 [153/0] Рендиња со паралелен аголен граничник види слики k m
Македонски | 153
Електричниот алат со надолу притиснат држач на
рендето при паузирање, поставете го на другото место
од делот што треба да продолжи да се обработува.
Вклучете го електричниот алат.
Притиснете на предниот дел од подлогата на рендето и
полека турнете го електричниот алат нанапред ().
Притоа држачот на рендето при паузирање ќе се
притисне нагоре (), така што задниот дел на
подлогата на рендето повторно ќе легне на делот што
се обработува.
Водете го електричниот алат со иста брзина по
површината што се обработува ().
Закосување на рабови (види сликаO)
V‑жлебот на предната страна на подлогата на рендето
овозможува брзо и едноставно закосување на рабовите
од делот што се обработува. Употребете го соодветниот
V‑жлеб според саканата ширина на засекување. Притоа
поставете го рендето со V‑жлеб на работ од делот што се
обработува и водете го по должина на делот што се
обработува.
Употребен жлеб димензија a
(mm)
нема
0–4
мала
2–6
средна
4–9
голема
6–10
Рендиња со паралелен/аголен граничник (види слики
K–M)
Монтирајте го паралелниот граничник (21) одн. аголниот
граничник (25) со завртката за прицврстување (24) на
електричниот алат. Во зависност од примената,
монтирајте го граничникот за подесување на длабочината
на засекот (28) со завртката за прицврстување (27) на
електричниот алат.
Олабавете ја завртката за блокирање (23) и подесете ја
саканата ширина на засекот (22). Повторно затегнете ја
завртката за блокирање (23).
Поставете ја саканата соодветна длабочина на засекот со
граничникот за подесување на длабочината на засекот
(28).
Повторете го процесот на рендање повеќе пати, додека
не ја постигнете саканата длабочина на засекот. Водете го
рендето со страничен притисок со налегнување.
Искосување со аголниот граничник
При закосување на засеци
и површини поставете го
потребниот агол на
закосување со подесување
на аголот (26).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Олабавете го држачот на рендето при паузирање (29) и
чистете го редовно.
Откако ќе се искористат карбонските четки,
електричниот алат сам се исклучува. За одржување,
електричниот алат мора да се испрати во сервисната
служба, видете ги адресите во дел „Сервисна служба и
совети при користење“.
Замена на погонскиот ремен (види слики P–Q)
Одвртете ја завртката (6) и извадете го поклопецот на
ременот (7). Извадете ги изабените погонски ремени
(30).
Пред да монтирате нов погонски ремен (30) исчистете ги
двете тркала за ременот (31) и (32).
Новиот погонски ремен (30) поставете го најпрво на
помалото тркало (32) и потоа навлечете го (рачно)
погонскиот ремен (30) со вртење на поголемото тркало
(31).
Погонскиот ремен (30) треба прецизно да поминува во
жлебовите на тркалата на ременот (31) одн. (32).
Поставете го поклопецот на ременот (7) и затегнете ја
завртката (6).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Bosch Power Tools 1 609 92A 4LE | (25.03.2021)

Содержание

Похожие устройства

Скачать