Gorenje H50DW [21/68] Чистење

Gorenje H50DW [21/68] Чистење
21
функција, на екранот светнува сината икона со
ознака „анјон“.
Копче за „ВЛАЖНОСТ“ (“HUMIDITY):
Со ова копче, се дотерува саканата влажност
(RH) во просторијата. Влажноста може да биде
од 40 до 80%. Кога не е подесена влажноста,
на екранот се појавува ознаката “oL (што
значи без подесување). Со секое притискање
на копчето, влажноста се зголемува за 10%.
Доколку во рок од 5 секунди нема никаква
активност, подесувањето на влажноста се
исклучува.
Кога во просторијата ќе се постигне саканата
влажност, апаратот автоматски го намалува
интензитетот на распрскување. Кога
релативната влажност во просторијата ќе се
спушти под саканата, апаратот почнува да
работи со интензитетот на навлажнување што
е подесен претходно.
Копче ─…..+:
Со ова копче може да го дотерате
интензитетот на навлажнување. Може да
изберете еден од шесте нивоа на
распрскување. Со притискање на „–“, го
намалувате интензитетот на распрскување на
пареата, а со притискање на „+“, го
зголемувате. Наместо да притискате „+“ или „-“,
може со прстот да повлечете по контролната
црта, налево за намалување, а надесно за
зголемување на интензитетот.
Интензитетот на навлажнување може да се
прилагодува кај сите три начини на работа.
Копче „НАЧИН НА РАБОТА“ (MODE):
Може да изберете еден од трите начини на
работа. Тоа се стандардниот (STANDARD),
паметниот (INTELLIGENT), или стенд-бај
(SLEEP) начин на работа. Со притискање на
ова копче, може да изберете било кој од трите
начина.
„стандарден“ начин на работа:
Ова е фабрички дотераниот начин на работа.
Сами ги дотерувате интензитетот на
распрскување и релативната влажност во
просторијата. Истото се однесува и на
функциите на дотерување на времето и на
јонизација.
„паметен“ начин на работа:
Кај овој начин на работа, навлажнувачот
достигнува однапред определена влажност.
Таа изнесува 40-60% RH. Кога релативната
влажност во просторијата е најмалку 60%,
апаратот автоматски го намалува интензитетот
на распрскување. Кога релативната влажност е
пониска од 40%, апаратот автоматски го
зголемува интензитетот на распрскување.
Кај овој начин на работа, може да го дотерате
интензитетот на распрскување, но не и нивото
на влажност во просторијата. Како и кај
стандардниот начин, и кај овој може да ги
дотерате функциите тајмер и јонизација.
„стенд-бај“ начин на работа;
Кај овој начин на работа, навлажнувачот
достигнува однапред определена влажност.
Таа изнесува 40-60% RH. Кога релативната
влажност во просторијата е најмалку 60%,
апаратот автоматски го намалува интензитетот
на распрскување. Кога релативната влажност е
пониска од 40%, апаратот автоматски го
зголемува интензитетот на распрскување.
Доколку не притиснете ниту едно копче
најмалку 1 минута, сите икони се исклучуваат
автоматски, со исклучок на иконата power“. Во
таков случај, може да притиснете кое и да е од
копчињата за повторно да го вклучите екранот.
Фабрички подесеното работно време при
„стенд-бај“ начин на работа е 8 часа. По тоа,
апаратот автоматски се исклучува.
Кај овој начин на работа, може да го дотерате
интензитетот на распрскување, но не и нивото
на влажност во просторијата. Како и кај
стандардниот начин, и кај овој може да ги
дотерате функциите тајмер и јонизација.
Внимание:
Пред да го дополните резервоарот за вода,
секогаш исклучувајте го струјниот кабел од
штекер,
Автоматскиот прекинувач на пареа го штити
генераторот на пареа од прегревање. И во
двата случаи, навлажнувачот и натаму е
вклучен и вентилаторот продолжува да
работи.
Безбедносниот прекинувач автоматски ја
прекинува работата на генераторот на пареа,
за да спречи испуштање пареа при прениско
ниво на водата. Или во случај да го извадите
резервоарот на вода. И во двата случаи,
почнува да светка црвената икона со ознака
недостига вода. Доколку дополните вода во
рок од 15 минути и правилно го вратите
резервоарот на место, навлажнувачот
продолжува да работи во избраниот начин на
работа. Во случај состојбата со недостиг на
вода да потрае и по 15 минути, апаратот
автоматски преминува во статус стенд-бај.
Чистење
Не употребувајте додатни средства за
чистење.

Содержание

Скачать