Gorenje H50DW [22/68] Гаранција и сервис

Gorenje H50DW [22/68] Гаранција и сервис
22
Никогаш да не го потопувате подножјето,
приклучниот кабел или втакнувачот во вода
или друга течност.
За чистење на парниот генератор не
употребувајте метални или твди предмети.
1. Исклучите го апаратот за влажење од
електричната мрежа и дотерајте го копчето
за вклучување/исклучување на положба за
исклучување ("off").
2. Исчистите го резервоарот за вода и капакот
на резервоарот со жешка вода. Можете да
употребите и базичен детергент за миење
садови или машина за миење садови.
3. За да ја исчистите внатрешноста на
резервоарот за вода, наполните го со вода,
непропустливо привијте ја затката, а потоа
повеќепати стресете го резервоарот.
Забелешка: Погрижете се да по миењето во
резервоарот или на капакот нема остатоци
од сапуница.
4. Исчистите го подножјето со влажна крпа.
Совет: При редовно чистење можноста за
затнување е мала.
Отстранување на бигор
Совети за отстранување бигор
И покрај тоа што навлажнувачот и јонизаторот
има филтер за омекнување на водата, наша
препорака е да користите изладена превриена
вода, филтрирана или дестилирана вода.
Проверете дали температурата на водата е
пониска од 40°C. Чистете ги капакот на
резервоарот, резервоарот за вода, генераторот
на пареа и садот за вода еднаш неделно.
Користете ја четкичката за чистење што оди со
апаратот. Секојпат кога го користите
навлажнувачот, дополнувајте го резервоарот
за вода со свежа вода. Кога немате намера да
го користите навлажнувачот подолго време,
исчистете ги сите делови на навлажнувачот,
испразнете ги резервоарот и садот за вода и
пребришете ги сите делови со мека, сува крпа.
Отстранување бигор од
навлажнувачот
1. Исклучете го навлажнувачот од струја и
завртете го копчето вклучи/исклучи на
„исклучи“.
2. Ставете 100мл оцет (4% оцетна киселина)
во садот за вода со 200мл вода и оставете
го да кисне најмалку 2 часа.
Оставете ја водата и оцетот во садот за
вода најмалку 4 часа (по можност, цела
ноќ).
3. Испразнете го садот за вода и пребришете
го со мека крпа.
4. Ставете бел оцет (4% оцетна киселина) и
на генераторот на пареа и потоа
пребришете го со влажна крпа.
5. Сите други делови измијте ги со чиста
вода.
Менување на филтрите
Во вашиот апарат има два филтри.
Првиот се нарекува филтер за омекнување на
водата и е прикачен на капакот на резервоарот
за вода. Овој филтер ја омекнува водата и го
сведува формирањето бигор во навлажнувачот
на минимум.
Вториот филтер е наречен филтер за активен
јаглен и е лоциран на дното на апаратот, на
местото на коешто воздух навлегува во
навлажнувачот. Овој филтер ги отстранува
прашината и другите мали честички од
воздухот.
За да постигнете најдобри резултати во поглед
на навлажнувањето и јонизирањето, наша
препорака е да ги менувате и двата филтри на
секои шест месеци. На тој начин, го
продолжувате и корисниот век на апаратот.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Не го фрлајте на апаратот во нормален
домашен отпад,туку во официјална колекција
наменета за рециклирање. Со ова, вие
помагате да се зачува животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
Ако ви требаат информации, или ако имате
проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje
центарот за грижа на корисници во вашата
земја (види телефонски број во меѓународната
гаранција). Ако вашата земја нема таков
центар, контактирајте го вашиот локален дилер
или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за
домаќинство.

Содержание

Скачать