Viking MB 248 T [309/346] De en pl sl tr hu sr hr lv lt ro ru bg et mk

Viking MB 248 T [309/346] De en pl sl tr hu sr hr lv lt ro ru bg et mk
307
DEENPLSLTRHUSRHRLVLTRORUBGETMK
0478 111 9820 B - MK
Не го стартувајте моторот, доколку
каналот за исфрлање не е покриен со
дефлектор, односно со корпата за
искосена трева.
Работење на стрмни површини:
Стрмните површини секогаш да се
обработуваат попречно, никогаш по
должина.
Доколку корисникот при косење изгуби
контрола, би можел и да биде прегазен
од вклучената косилка.
Бидете особено внимателни кога на
стрмни површини ја менувате насоката
на движење.
Внимавајте секогаш добро да се
поставите кога работите на стрмна
површина и избегнувајте работа со
машината за многу стрмни површини.
Од безбедносни причини, апаратот не
смее да се користи на стрмнини со
косина поголема од 25° (46,6 %).
Опасност од повреди!
Аголот на наслон од 25° одговара на
вертикално растојание од 46,6 cm на
100 cm хоризонтална должина.
За да се обезбеди доволно
подмачкување на моторот, при
употреба на уредот на стрмнина, треба
да се почитуваат дополнителните
информации доставени заедно со
Упатството за употреба Бензински
мотор.
Ракување:
Немојте да вршите проверки
на ножот додека косилката за
трева е вклучена. Немојте
никогаш да го отворате капакот на
отворот за исфрлање и/или да ја
отстранувате корпата за искосена
трева, додека ножот за косење е во
движење. Ножот во движење може да
предизвика тешки повреди.
Движете ја машината само во темпо на
чекорењенемојте никогаш да трчате
кога работите со машината. Доколку со
машината се движите премногу брзо,
опасноста од повреди поради
сопнување, лизгање и сл. е поголема.
Бидете особено внимателни кога ја
вртите машината или кога ја
повлекувате кон себе.
Опасност од сопнување!
Предметите кои се скриени во тревата
(прскалки за тревник, столпчиња,
вентили за вода, темели, електрични
водови и сл.) мора да се заобиколат.
Никогаш не поминувајте намерно преку
овие предмети.
По исклучувањето,
внимавајте на движењето на
сечилото, бидејќи се
потребни уште неколку
секунди за тоа сосема да
запре.
Исклучете го моторот, почекајте да се
смири ножот и извлечете го утикачот за
свеќичката,
кога се оддалечувате од уредот,
односно кога тој не е под надзор,
пред да дополните гориво. Ставајте
гориво само кога моторот е изладен.
Опасност од пожар!
пред да ги отстраните блокадите и
затнувањата во каналот за
исфрлање,
пред да го подигнете и носите
апаратот,
пред да го транспортирате апаратот,
пред да работите на ножот за
косење,
пред да вршите проверка, пред да го
чистите апаратот или пред да
вршите други активности (на пр.
преклопување на управувачот) на
неа,
кога ќе удрите во надворешно тело
или доколку косилката за трева
почне ненормално силно да вибрира.
Пред повторно да го стартувате
апаратот и да работите со него,
проверете го, пред сè оштетувањето
на склопот за сечење (ножот,
осовината за ножот, приборот за
прицврстување на ножот) и
направете ги неопходните поправки.
Опасност од повреди!
Никогаш не доближувајте ги
рацете или стапалата над, под
или до деловите што се вртат.

Содержание