Viking MB 248 T [320/346] Минимизирање на абењето и избегнување штети

Viking MB 248 T [320/346] Минимизирање на абењето и избегнување штети
0478 111 9820 B - MK
318
Важни упатства за одржување и
чување за групата прозводи
Косилка на бензин
VIKING не прифаќа никаква
одговорност за повредите на луѓето и
материјалната штета предизвикани
поради непочитување на Упатството за
употреба, особено советите за
безбедност, ракување и одржување,
или поради употреба на неодобрени
додатоци за вградување или резервни
делови.
Особено внимавајте на следниве важни
упатства, со цел да се избегнат штети
или прекумерно абење на вашата
VIKING машина:
1. Потрошни делови
Некои делови од машините на VIKING и
при нормална употреба подлежат на
нормално абење и во зависност од
видот и од времето на користење мора
навреме да се заменат.
Тука, меѓу другите, спаѓаат:
ножот
корпата за искосена трева
ременот (MB 248 T)
2. Придржување кон барањата од
Упатството за употреба
VIKING машината мора да се користи,
одржува и да се чува мошне
внимателно, онака како што е опишано
во ова Упатството за употреба. За сите
штети што настануваат поради
непочитување на упатствата за
безбедност, користење и одржување, е
одговорен самиот корисник.
Ова, пред сè, важи за:
правење на измени на производот
што не се одобрени од VIKING.
употреба на горива и масла што не
се одобрени од VIKING (средства за
подмачкување, бензин и моторно
масло, види податоци од
производителот).
употребата на алати или прибор, кои
не се одобрени за уредот, не се
соодветни или се со понизок
квалитет.
несоодветна употреба на
производот.
употреба на производот на спортски
настани или натпревари.
штети настанати како последица на
натамошната употреба на
производот со дефектни делови.
3. Одржување
Сите активности наведени во делот
Одржувањемора редовно да се
спроведуваат.
Доколку корисникот не е во состојба сам
да го извршува одржувањето, тогаш
треба да се ангажира овластениот
застапник.
VIKING препорачува одржувањето и
поправките да ги извршува само
овластен застапник на VIKING.
Овластените застапници на VIKING
редовно посетуваат обуки и ги имаат на
располагање сите технички
информации.
Доколку се пропуштат овие работи,
може да настанат штети, за кои
одговара корисникот.
Покрај другите, тука се вбројуваат:
Корозија и други штети како
последица од несоодветно
складирање.
Оштетувања на машината што
настануваат како последица на
употребата на резервни делови со
понизок квалитет.
Штети поради ненавремено и
недоволно одржување, односно
штети кои настануваат поради
вршење активности за одржување
или поправки, кои не се
спроведуваат во работилници од
страна на овластен застапник.
14. Минимизирање на
абењето и избегнување
штети

Содержание