Viking MB 248 T [323/346] Решавање проблеми

Viking MB 248 T [323/346] Решавање проблеми
321
DEENPLSLTRHUSRHRLVLTRORUBGETMK
0478 111 9820 B - MK
Пречка:
Моторот не стартува
Можна причина:
Сигурносната рачка за стопирање на
моторот не е повлечена.
Нема гориво во резервоарот;
Доводот за гориво е затнат.
Лошо, нечисто или старо гориво во
резервоарот.
Нечист филтер за воздух.
Приклучокот за свеќичката е
извлечен од свеќичката; Кабелот е
лошо приклучен во приклучокот.
Свеќичката е со саѓи или оштетена;
несоодветно растојание на
електродите.
Не е притиснато копчето за ладен
старт.
Решение:
Сигурносната рачка за стопирање на
моторот треба да се повлече кон
управувачот и да се држи.(Ö 8.1)
Да се дополни гориво, да се исчисти
доводот за гориво. #
Секогаш да се употребува ново
брендирано гориво, нормален
безоловен бензин и да се чисти
карбураторот #
Да се исчисти филтерот за воздух. #
Да се приклучи приклучокот за
свеќички; да се провери врската меѓу
кабелот и приклучокот. #
Свеќичката да се исчисти или
замени; да се обезбеди растојание
меѓу електродите. #
Пред стартување да се притисне 3
пати копчето за ладен старт.(Ö 10.1)
Пречка:
Отежнато палење или намалена
моќност на бензинскиот мотор.
Можна причина:
Куќиштето на косилката е затнато.
Косење со многу мала висина на
косење, односно со многу брзо
туркање.
Вода во резервоарот за гориво и во
карбураторот; затнат карбуратор.
Резервоарот за гориво е нечист.
Нечист филтер за воздух.
Свеќичката е со саѓи.
Решение:
Да се исчисти шасијата на косилката
(да се извлече утикачот за
свеќичка!). (Ö 11.2)
Да се намести помала работна
длабочина, односно да се намали
брзината на туркање.(Ö 7.7)
Да се испразни резервоарот за
гориво, да се исчисти доводот на
гориво и карбураторот. #
Да се исчисти резервоарот за
гориво. #
Да се исчисти филтерот за воздух. #
Да се исчисти свеќичката. #
Пречка:
Моторот се презагрева.
Можна причина:
Многу мало количество масло во
моторот.
Отворот за ладење е нечист.
Решение:
Да се промени моторното
масло.(Ö 7.8)
Да се исчистат отворите за
ладење.(Ö 11.2)
Пречка:
Силни вибрации за време на
работењето.
Можна причина:
Неисправност кај сечилото.
Прицврстувањето на моторот е
лабаво.
Решение:
Да се проверат и по потреба
поправат ножот за косење,
осовината за ножот и приборот за
прицврстување на ножот (штраф за
ножот и сигурносна подлошка). #
Да се стават штрафовите на
прицврстувачот на моторот. #
18. Решавање проблеми
# евентуално, да се побара помош од
стручно лице, VIKING го
препорачува овластениот застапник
за VIKING.
@ види Упатство за употреба
Бензински Мотор.

Содержание