Bosch PSA 18 LI (06033B2301) без акк. и з.у [65/103] Употреба

Bosch PSA 18 LI (06033B2301) без акк. и з.у [65/103] Употреба
Македонски | 65
Bosch Power Tools 1 609 92A 1PZ | (20.1.16)
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени во
Технички податоци. Само овие уреди за полнење се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Вадење на батеријата (види слика B)
За да ја извадите батеријата 8 притиснете на копчињата за
отворање 11 и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Вметнување/замена на листот за пилата
При монтажа на листот од пилата носете заштитни
ракавици. При допирање на листот за пилата постои
опасност од повреда.
При менувањето на листовите за пила внимавајте на
тоа, на прифатот за листот на пилата да нема
остатоци од материјал, на пр. дрвени или метални
струготини.
Избор на лист за пилата
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство. Ставајте само листови за пила со
½"-универзален држач. Листот за пилата не треба да биде
подолг отколку што е потребно за предвидениот рез.
Дебелината на држачот на листот за пила мора да изнесува
0,8–1,6мм.
За сечење на тесни криви линии користете тесен лист
пила.
Вметнување на листот за пилата (види слика A)
Притиснете го SDS-лостот 4 нанапред и водете го листот за
пилата 1 зад стезната плоча 10 во прифатот за листот за
пилата 3. Отпуштете го SDS-лостот 4.
Со влечење проверете дали е зацврстен листот за
пилата. Лабаво поставениот лист за пила може да
испадне и да ве повреди.
За одредени работи, листот за пилата 1 може да се сврти
за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да се
стави во првичната положба.
Вадење на листот за пилата
Пред да го извадите листот за пила, оставете го да се
олади. Доколку го допрете жешкиот лист на пилата,
постои опасност од повреда.
Притиснете го SDS-лостот 4 нанапред и извлечете го
листот за пилата 1. Отпуштете го SDS-лостот 4.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Видови употреба
Поставување на осцилациите
Подесливите осцилации овозможуваат оптимално
прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на
сечење на материјалот што се обработува.
Со ротациониот прекинувач 5 може да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за ваш-
иот електричен апарат може да доведе до погрешно фун-
кционирање или до оштетување на електричниот апарат.
Вметнете ја наполнетата батерија 8 во подножјето на
електричниот апарат, додека не слушнете дека е вклопена
и заклучена.
Исклучени осцилации:
За обработка на тенки, одн. цврсти
материјали, на пр. лим, челик.
За чисто сечење на рабови.
Вклучени осцилации:
За обработка на нежелезни метали,
цврсто дрво, пластика одн. материјали
со средна цврстина.
За обработка на меки материјали, на пр.
лесни градежни материјали, изолациони
материјали, меко дрво, дрвена маса.
OBJ_BUCH-1997-003.book Page 65 Wednesday, January 20, 2016 1:40 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать