Bosch PSA 18 LI (06033B2301) без акк. и з.у [66/103] Совети при работењето

Bosch PSA 18 LI (без акк.и з.у.) (0.603.3B2.301) [66/103] Совети при работењето
66 | Македонски
1 609 92A 1PZ | (20.1.16) Bosch Power Tools
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот апарат, притиснете ја
најпрво блокадата при вклучување 7 надесно или налево.
На крај притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 и држете го притиснат.
За Исклучување на електричниот апарат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 6.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Контрола на бројот на удари
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 6.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 се постигнуваат мал број на
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на удари.
Потребниот број на удари е зависен од материјалот и
работните услови и може да се утврди со практичен обид.
Се препорачува намалување на бројот на удари кога
листот за пила ќе го поставите на делот што се обработува
како и при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на удари,
електричниот апарат може многу да се вжешти. Оставете
го електричниот апарат околу 3 минути со максимален
број на удари да се олади.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот апарат. При големо оптоварување или
пречекорување на дозволената температура на
батеријата 50 °C електрониката го исклучува
електричниот апарат, додека не се врати во оптималните
граници на температура.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Совети
При сечење на лесни градежни материјали,
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали
итн. проверете дали на нив има туѓи тела како на пр.
клинци, шрафови и употребете го соодветниот лист за
пила.
Вклучете го електричниот апарат и водете го по делот што
треба да се обработи. Поставете ја основната плоча 2 на
површината од делот што се обработува и сечете со
еднаков притисок одн. иста брзина по материјалот. По
завршување на работниот процес исклучете го
електричниот апарат.
Доколку се заглави листот за пилата, веднаш исклучете го
електричниот апарат. Раширете го процепот што сте го
направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете го
електричниот апарат.
Подеслива основна плоча (види слика C)
Основната плоча 2 поради својата подвижливост се
подесува на потребниот агол на површината.
Пили за вдлабнување (види слики DE)
Смеат да се обработуваат само меки материјали
како дрво, гипс картон исл. при сечење со
вдлабнување! Не обработувајте метални
материјали со сечење со вдлабнување!
За пилата за вдлабнување користете само кратки листови
за пила.
Електричниот апарат со работ на основната плоча 2
поставете го на делот што се обработува и вклучете го. Кај
електричните апарати со контрола на бројот на удари,
поставете го максималниот број на удари. Притиснете го
електричниот апарат на делот што се обработува и
оставете го листот за пилата полека да се вдлабне во делот
што се обработува.
Откако основната плоча 2 ќе легне на целата површина на
делот што се обработува, продолжете да сечење по
должина на линијата.
За одредени работи, листот за пилата 1 може да се постави
со вртење за 180°, а сабјестата пила да се води соодветно
свртена.
Кратки резови (види слика F)
Со еластичните биметални листови за пила, може да
сечете на пр. градежни елементи што стрчат како
водоводни цевки, непосредно на ѕидот.
Внимавајте, листот за пилата треба секогаш да биде
подолг од дијаметарот на делот што се обработува.
Постои опасност од повратен удар.
Поставете го листот за пилата директно на ѕид и свиткајте
го малку со страничен притисок на електричниот апарат,
додека основната плоча не легне на ѕидот. Вклучете го
електричниот апарат и сечете го делот што се обработува
со постојан страничен притисок.
OBJ_BUCH-1997-003.book Page 66 Wednesday, January 20, 2016 1:40 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать