Bosch GLL 3-80 + кейс [138/227] Вклучување исклучување

Bosch GLL 3-80 + кейс [138/227] Вклучување исклучување
138 | Македонски
Линиски ласер GLL 3-80
Макс. оперативна висина
преку референтната висина
2000m
Релативна влажност на
воздухот макс.
90%
Степен на извалканост
според IEC61010‑1
2
E)
Класа на ласер 2
Тип на ласер 630–650nm, <10mW
C
6
10
Отстапување 50×10 mrad
(целосен агол)
Најкратко времетраење на
импулсот
1/10000s
Компатибилен ласерски
приемник
LR 6, LR 7
Прифат за стативот 1/4", 5/8"
Батерии 4×1,5V LR6(AA)
Времетраење на режим со
3ласерски рамнини
4h
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
0,82kg
Димензии (должина×
ширина× висина)
149× 84× 142mm
Вид на заштита IP 54 (заштита од прав и
прскање на вода)
A) Работното поле може да се намали поради неповолни
услови на околината (на пр. директна изложеност на сончеви
зраци).
B)
кај 20–25°C
C) Важи за четирите хоризонтални точки на вкрстување.
D) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни
услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла,
нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни
температури може да дојде до отстапување во точноста.
E) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено
се очекува привремена спроводливост предизвикана од
кондензација.
Серискиот број (13) на спецификационата плочка служи за јасна
идентификација на Вашиот мерен уред.
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За да го отворите капакот од преградата за батерии(11)
притиснете на механизмот за заклучување(10) и
извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги
батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на
внатрешната страна од преградата за батерии.
Приказот на батеријата(2) секогаш го покажува
моменталниот статус на батеријата:
LED-светилки Капацитет
Трајно зелено светло 100−75%
Трајно жолто светло 75−35%
Трајно црвено светло 35−10%
Нема светло Празни батерии
Ако батериите ослабуваат, светлоста на ласерските
линии полека се намалува.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
u Ако не го користите мерниот уред подолго време,
извадете ги батериите. При подолго складирање во
мерниот уред, батериите може да кородираат и да се
испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
u Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
u Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или температурни осцилации. На пр.
не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи температурни осцилации, оставете го мерниот
уред прво да се аклиматизира и направете проверка
за точноста секогаш пред да продолжите со работа
(види „Контрола на точноста на мерниот уред“,
Страница140).
При екстремни температури или температурни
осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се
наруши.
u Избегнувајте удари и превртувања на мерниот
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот
уред, пред да го употребите за работа, секогаш
извршете контрола на точноста (види „Контрола на
точноста на мерниот уред“, Страница140).
u Исклучете го мерниот уред за време на
транспортот. При исклучувањето, се блокира
осцилирачката единица, која би се оштетила при
интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување(7) во
позиција „ On“ (за работење со осцилаторна блокада)
или во позиција „ On“ (за работење со автоматика за
нивелирање). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред
пушта ласерски линии од излезните отвори(1).
u Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7) во
позиција Off. При исклучување, осцилирачката единица
се блокира.
1 609 92A 7L8 | (22.04.2022) Bosch Power Tools

Содержание

Похожие устройства

Скачать