Bosch GLL 3-80 + кейс [139/227] Деактивирање на автоматиката за исклучување

Bosch GLL 3-80 + кейс [139/227] Деактивирање на автоматиката за исклучување
Македонски | 139
u Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
При надминување на највисоката дозволена работна
температура од 40°C се исклучува заради заштита на
ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е
повторно подготвен за работа и може одново да се
вклучи.
Доколку температурата на мерниот уред со приближува
до највисоката дозволена оперативна температура,
светлоста на ласерските линии полека се намалува.
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Доколку околу 120мин. не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради
заштита на батериите.
За повторно да го вклучите мерниот уред по
автоматското исклучување, може или прво да го ставите
прекинувачот за вклучување/исклучување (7) во
позиција „Off“ и потоа повторно да го вклучите мерниот
уред, или еднаш да притиснете на копчето за режим на
работа на ласерот (6) или на копчето Режим на приемник
(4).
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување,
држете го притиснато копчето за режим на работа (6)
(при вклучен мерен уред) најмалку 3 s. Доколку
автоматиката за исклучување е деактивирана,
ласерските зраци кратко трепкаат за потврда.
За да го активирате автоматското исклучување,
исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го.
Деактивирање на сигналниот тон
По вклучување на мерниот уред, сигналниот тон е
секогаш активиран.
За деактивирање одн. активирање на сигналниот тон
притиснете истовремено на копчето за режим на работа
на ласерот (6) и копчето за режим на приемник (4) и
држете ги притиснати најмалку 3 s.
При активирањето и при деактивирањето се слушаат три
кратки сигнални тонови за потврда.
Начини на работа
Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да
ги промените во било кое време:
Емитира едно хоризонтално ласерско ниво,
Емитира едно вертикално ласерско ниво,
Емитира две вертикални ласерски нивоа,
Емитира едно хоризонтално ласерско ниво како и две
вертикални ласерски нивоа.
По вклучувањето, мерниот уред емитира хоризонтално
ласерско ниво. За да го смените начинот на работа,
притиснете на копчето за режим на работа на ласерот
(6).
Сите начини на работа може да се изберат со автоматика
за нивелирање како и со осцилаторна блокада.
Режим на приемник
За работење со ласерски приемник (18) мора –
независно од избраниот начин на работа – да биде
активиран режимот на приемник.
При активиран режим на приемник, ласерските линии
трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се
најде ласерскиот приемник (18).
За вклучување на режимот на приемник притиснете на
копчето на ласерскиот приемник (4). Приказот за режим
на приемникот (5) свети зелено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е
намалена доколку е вклучен режимот на приемник. За
работење без ласерски приемник, исклучете го режимот
на приемник со одново притискање на копчето Режим на
приемникот (4). Приказот (5) се гаси.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога, прицврстете го на универзалниот држач(16)
или на стативот(21).
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) во
позиција „ On“.
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°.
Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се
движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од
4° од хоризонталата, ласерските линии трепкаат во брз
такт. Доколку сигналниот тон е активиран, се слуша
сигнален тон со забрзан такт.
Поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го
самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во
рамки на полето на самонивелирање од  ±4°, ласерските
зраци светат непрекинато и сигналниот тон ќе се исклучи.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталната одн. вертикалната
ласерска линија во однос на референтните точки за да се
избегнат грешки со поместување на мерниот уред.
Работа со осцилаторна блокада
За работење со осцилаторна блокада, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување(7) во
позиција „ On“. Приказот осцилаторна блокада(3)
свети црвено и ласерските линии непрекинато трепкаат
во бавен такт.
При работа со осцилаторна блокада автоматиката за
нивелирање е исклучена. Мерниот уред може да го
држите слободно во рака или да го поставите на навалена
подлога. Ласерските линии повеќе не се нивелираат и не
мора да се вертикално една кон друга.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7L8 | (22.04.2022)

Содержание

Похожие устройства

Скачать