Bosch GLL 3-80 + кейс [141/227] Работење со ласерски приемник опрема види слика b

Bosch GLL 3-80 + кейс [141/227] Работење со ласерски приемник опрема види слика b
Македонски | 141
Проверка на точноста на нивелирањето на
вертикалните линии
За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на
цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од
најмалку 2,5 m.
Поставете го мерниот уред на 2,5 m растојание од
отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на
статив). Вклучете го мерниот уред во режим со
автоматика за нивелирање. Изберете го режимот на
работа, каде се емитира вертикално ласерско ниво
фронтално пред мерниот уред.
2,5 m
2,5 m
Означете ја средината на вертикалната ласерска
линија на подот од отворот на вратата (точка ), на 5 m
растојание од другата страна на отворот од вратата
(точка ), како и на горниот раб на вратата од отворот
(точка ).
2 m
d
Свртете го мерниот уред за 180° и поставете го на
другата страна на отворот на вратата директно зад
точката . Оставете го мерниот уред да се нивелира и
насочете ја вертикалната ласерска линија така што
нејзината средина ќе поминува точно низ точките и .
Обележете ја средината на ласерската линија на
горниот раб на отворот на вратата како точка .
Разликата d на двете означени точки и го дава
фактичкото отстапување на мерниот уред од
вертикалните линии.
Измерете ја висината на отворот од вратата.
Повторете го мерниот процес за второто вертикално
ласерско ниво. Притоа изберете режим на работа, каде
се емитира едно вертикално ласерско ниво странично
покрај мерниот уред и пред почетокот на мерење свртете
го мерниот уред за 90°.
Максималното дозволено отстапување го пресметувате
на следниот начин:
двојна висина на отворот на вратата ×0,3mm/m
Пример: При висина на отворот на вратата од 2m
максималното отстапување смее да изнесува
2×2m×±0,3mm/m=±1,2mm. Точките и смеат да
лежат најмногу 1,2mm една од друга.
Совети при работењето
u За обележување, секогаш користете ја само
средината на ласерската линија. Ширината на
ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Работење со целна табла за ласерот
Целната табла за ласерот (17) ја подобрува видливоста
на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката половина на целната табла на ласерот
(17) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ
транспарентната половина ласерската линија е видлива и
од задната страна на целната табла на ласерот.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
1/4"-прифатот на стативот (8) на навојот на стативот (21)
или обичен фото статив. За прицврстување на обичен
градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив (9).
Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на
стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Прицврстете со универзален држач (опрема)
(видисликаB)
Со помош на универзалниот држач (16) може да го
прицврстите мерниот уред на пр. на вертикални
површини или магнетизирани материјали.
Универзалниот држач и исто така погоден и како поден
статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот
уред.
Грубо центрирајте го универзалниот држач (16), пред да
го вклучите мерниот уред.
Работење со ласерски приемник (опрема)
(види слика B)
При неповолни светлосни услови (осветлена околина,
директни сончеви зраци) и на големи растојанија за
подобро наоѓање на ласерските линии користете го
ласерскиот приемник (18). При работење со ласерски
приемник вклучете го режимот на приемник (види
„Режим на приемник“, Страница139).
Bosch Power Tools 1 609 92A 7L8 | (22.04.2022)

Содержание

Похожие устройства

Скачать