Bosch GLL 3-80 + кейс [140/227] Контрола на точноста на мерниот уред

Bosch GLL 3-80 + кейс [140/227] Контрола на точноста на мерниот уред
140 | Македонски
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба секогаш да се монтира на
статив почнувајќи од мерната линија од 20 m. Доколку е
возможно, поставувате го мерниот уред во средината на
работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на нивелирањето на
хоризонталната ласерска линија, а потоа точноста на
нивелирањето на вертикалните ласерски линии.
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го
надмине максималното отстапување, тогаш треба да се
поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на хоризонталната точност при нивелирање
на попречната оска
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
5m на цврста подлога помеѓу два ѕида A иB.
Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
еден статив или поставете го на цврста, рамна
подлога. Вклучете го мерниот уред во режим со
автоматика за нивелирање. Изберете го режимот на
работа, каде се емитира хоризонтално ласерско ниво,
како и вертикално ласерско ниво фронтално пред
мерниот уред.
A
B
5 m
Насочете го ласерот во близина на ѕидот A и оставете
го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја
средината на точката, каде ласерските линии се
вкрстуваат на ѕидот (точка ).
A
B
180°
Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се
нивелира и означете ја точката на вкрстување на
ласерските линии на спротивниот ѕид B (точка ).
Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во
близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се
нивелира.
A
B
Поставете го мерниот уред по висина (со помош на
стативот или евентуално со подлогата), така што
точката на вкрстување на ласерските линии точно ќе ја
погоди претходно означената точка на ѕидот B.
A
B
d
180°
Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
висината. Насочете го на ѕидот A, така што
вертикалната ласерска линија проаѓа низ веќе
означената точка . Оставете го мерниот уред да се
нивелира и означете ја точката на вкрстување на
ласерските линии на ѕидот A (точка ).
Разликата d на двете означени точки и на ѕидот A
го дава фактичкото отстапување од висината на
мерниот уред.
На мерна линија од 2×5m=10m максималното
дозволено отстапување изнесува:
10m×±0,3mm/m=±3mm. Разликата d меѓу точките и
смее да изнесува најмногу 3mm.
1 609 92A 7L8 | (22.04.2022) Bosch Power Tools

Содержание

Похожие устройства

Скачать