Gorenje BM1600WG [38/149] Избирање програма

Gorenje BM1600WG [38/149] Избирање програма
38
на програмата ќе трепка на LCD покажувачот. Со повторно притиснување на копчето
START/STOP или програмата ќе продолжи.
Избирање програма
Во менито (menu) изберете сакана програма за печење. Со секое притиснување, кое го прати
краток писок, ќе ја промените програмата за печење. Ако на копчето притискате едноподруго,
на покажувачот LCD ќе се наредат сите 16 расположливи програми за печење. Изберите сакана
програма. Функциите на сите програми се објаснети во продолжението.
1. Основен: месење, стасување и печење стандарден леб. Може да се додадат други
состојки, за да се подобри вкусот.
2. Француски: месење, стасување и печење со продолжено време за стасување. Лебот
испечен со оваа програма има покрцкава корка и поделикатна текстура.
3. Пченкарен: месење, стасување и печење пченкарен леб. Не се препорачува да се даде
команда за одложен почеток на процесот, зашто тоа може да доведе до полоши резултати.
4. Сладок: месење, стасување и печење сладок леб. Може да се додадат други состојки, за
да се подобри вкусот.
5. Ултра брз: месење, стасување и печење на една векна леб се завршува многу брзо.
Нормално, векната е помала и има погруба текстура од лебот испечен со програмата
„БРЗО (QUICK)“.
6. Без глутен: месење, стасување и печење на леб без глутен.
7. Брз: со оваа програма, не се препорачува дотерување на големината на векната леб и
одложување на почетокот на процесот. Месењето, стасувањето и печењето леб завршува
побрзо одошто со основната програма. Векните леб испечени со оваа програма обично се
помали и имаат погруба текстура.
8. Колачи: месење, стасување и печење колачи. Користете сода бикарбона или прашок за
печива како агенс за тестото да биде лиснато.
9. Месење: месење на брашното и на другите состојки.
10. Тесто: месење и стасување, без печење. Земете го тестото од тепсијата за печење леб и
направете земички, кифли, пица, итн.
11. Тесто за тестенини: месење
12. Јогурт: правење јогурт
13. Слатко: варење слатка (џем, мармалад, итн.). Пред да го ставите овошјето во тепсијата за
печење, исечкајте го.
14. Печење: само печење, без месење и стасување. Ова може да се користи и за процесите
со продолжено време на печење, без дотерување на процесот.
15. Домашен леб 1: овозможува програмирање од страна на корисникот: корисникот може да
ги менува фабричките дотерувања за месење, стасување, печење и топлење, за секој од
чекорите.
16. Домашен леб 2: овозможува програмирање од страна на корисникот: корисникот може да
ги менува фабричките дотерувања за месење, стасување, печење и топлење, за секој од
чекорите.
Во програмата Домашен леб
a) Притиснете го копчето „ДОМАШЕН (HOME MADE)" еднаш (и држете го притиснато 2
секунди). На екранот се појавува "МЕСЕЊЕ1 (KNEAD1)". Притиснете го копчето „+" или „
" и дотерајте го времето во минути. Потоа, притиснете го повторно копчето ДОМАШЕН
(HOME MADE)", за да го потврдите дотераното време за овој чекор.
b) На екранот се појавува „СТАСУВАЊЕ1 (RISE1)“. Притиснете го копчето „+" или „" и
дотерајте го времето во минути. Бројот на минути се зголемува побргу доколку го
притиснете и го држите копчето притиснато. Потоа, притиснете го повторно копчето
ДОМАШЕН (HOME MADE)", за да го потврдите дотераното време

Содержание