Makita DUH551Z [43/80] Важни безбедносни упатства

Makita DUH551Z [43/80] Важни безбедносни упатства
43
4. Не користете го тримерот за жива ограда на
дожд, или во влажни и мокри услови.
Електромоторот не водоотпорен.
5. Корисниците-почетници треба да бидат
обучени од искусен корисник на тримерот за
жива ограда кој треба да им покаже како се
користи тримерот.
6. Тримерот за жива ограда не смеат да ја
користат деца или млади лица под 18-годишна
возраст. Младите лица над 16-годишна
возраст може да бидат исклучени од ова
ограничување кога се обучуваат под надзор на
стручно лице.
7. Ракувајте со тримерот за жива ограда само
ако сте во добра физичка состојба. Ако сте
уморни, вашето внимание ќе биде намалено.
Бидете
особено внимателни на крајот од
работниот ден. Сите работи изведувајте ги
смирено и внимателно. Корисникот е
одговорен за сите штети нанесени на трети
страни.
8. Никогаш не користете го тримерот кога сте под
влијание на алкохол, наркотични средства или
лекарства.
9. Работните кожни ракавици се дел од
основната опрема на тримерот
за жива ограда
и мора да се носат кога се работи со него.
Исто така, носете обувки со дебел ѓон што не
се лизгаат.
10. Пред да започнете со работа, проверете и
осигурете се дека тримерот е безбеден и е во
добра работна состојба. Осигурете се дека
штитниците се правилно поставени.
Тримерот
за жива ограда не смее да се користи освен
ако не е целосно склопен.
11. Осигурете стабилна потпора со стапалата
пред да почнете со работа.
12. Држете го алатот цврсто кога го користите.
13. Не работете со алатот без оптоварување кога
тоа не е неопходно.
14. Веднаш исклучете го моторот и извадете
ја
батеријата ако сечилото дојде во допир со
цврста ограда или друг тврд предмет.
Проверете дали сечилото е оштетено и ако е,
веднаш поправете го.
15. Секогаш пред да го проверите сечилото, да
поправате дефекти или да отстраните
материјали заглавени во сечилото,
исклучувајте го тримерот и вадете ја
батеријата.
16. Исклучете
го тримерот и извадете ја
батеријата пред изведување какви било
работи за одржување.
17. Кога го преместувате тримерот за жива ограда
на друго место, вклучувајќи и за време на
работата, секогаш вадете ја батеријата и
поставувајте го капакот за сечилото на
сечилата. Никогаш не носете го и не
транспортирајте го тримерот
додека работи
сечилото. Никогаш не фаќајте го сечилото со
вашите раце.
18. Чистете го тримерот за жива ограда и особено
сечилото, по употребата и пред складирање
на тримерот за подолги периоди. Подмачкајте
го малку сечилото и поставете го капакот.
Капакот што се испорачува со уредот може да
се обеси на ѕид
со што се обезбедува
безбеден и практичен начин за чување на
тримерот за жива ограда.
19. Складирајте го тримерот за жива ограда со
поставен капак во сува просторија. Држете го
вон дофат на деца. Никогаш не складирајте го
тримерот на отворено.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или
запознаеноста со производот (стекната со
подолга употреба) да ве наведе да не се
придржувате строго до безбедносните правила
за односниот производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА или
непочитувањето на безбедносните правила
наведени во ова упатство може да предизвикаат
тешки телесни повреди.
ENC007-8
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ
УПАТСТВА
ЗА БАТЕРИЈА
1. Пред користење на батеријата, прочитајте
ги сите упатства и ознаки за претпазливост
на (1) полначот за батеријата, (2) батеријата
и (3) производот што ја користи батеријата.
2. Не расклопувајте ја батеријата.
3. Ако времето во работа станало прекумерно
кратко, престанете веднаш со работа. Тоа
може да резултира со ризик од
презагревање, можни изгореници и
дури и
експлозија.
4. Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5. Не расклопувајте ја касетата за батеријата.
(1) Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2) Избегнувајте да ја чувате батерија во
сад
со други метални предмети како
што се шајки, монети и сл.
(3) На изложувајте ја батеријата на вода
или дожд.

Содержание

Похожие устройства

Скачать