Bosch PLR 50 C (603672220) [178/303] Опис на производот и перформансите

Bosch PLR 50 C (603672220) [178/303] Опис на производот и перформансите
178 | Македонски
u Не ги користете ласерските заштитни очила како очила за сонце или пак во
сообраќајот. Ласерските заштитни очила не даваат целосна UV-заштита и го
намалуваат препознавањето на бои.
u Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен
персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на мерниот уред.
u Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без
надзор, тие може да заслепат други лица.
u Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од
експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред
создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
u Внимание! При користење на мерниот уред со Bluetooth ® може да настанат
пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр.
пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се
исклучи можноста за повреда на луѓе и животни во непосредна околина. Не
го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина на медицински уреди,
бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во
близина на мински полиња. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во
авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото.
u Не го користете мерниот уред, доколку има оштетувања на екранот на допир
(напр. пукнатини на површината итн.).
Ознаката со зборови Bluetooth
®
-како и сликите (логоата) се регистрирани
трговски марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа
ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools
GmbH.
Опис на производот и перформансите
Прописна употреба
Мерниот уред е наменет за мерење на оддалеченост, должини, висини, растојанија
и за пресметување на површини и волумени.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен простор.
Мерните резултати може да се пренесат преку Bluetooth® на други уреди.
Помошната функција интегрирана во мерниот уред нуди детални анимации за
поединечните мерни функции/процеси.
1 609 92A 4P2 | (18.01.2019) Bosch Power Tools

Содержание

Скачать