Bosch PLR 50 C (603672220) [187/303] Мерење на косини

Bosch PLR 50 C (603672220) [187/303] Мерење на косини
Македонски | 187
при мерењето Ви препорачуваме да го поставите мерниот уред на цврста гранична
или површина за поставување.
Индиректното мерење на растојанија служи за соопштување на растојанија, кои не
треба директно да се измерат, бидејќи има пречки во текот на зракот или нема
целна површина како рефлектор на располагање. Оваа мерна постапка може да се
примени само во вертикален правец. Секое отстапување во хоризонтален правец
води кон мерни грешки.
За индиректно мерење на растојанија, на располагање ви се три мерни функции, со
кои може да се соопштат различни траси.
a) Индиректно мерење на висини
Притиснете го копчето (k) и изберете го копчето за индиректно мерење на висини
.
Внимавајте на тоа, мерниот уред да е на иста висина како и долната мерна точка.
b) Двојно индиректно мерење на висини
Притиснете го копчето (k) и изберете го копчето за двојно индиректно мерење на
висини .
Внимавајте на тоа, референтното ниво на мерењето (напр. задниот раб на мерниот
уред) да стои точно на истото место при сите поединечни мерења за време на
мерниот процес.
c) Индиректно мерење на должини
Притиснете го копчето (k) и изберете го копчето за индиректно мерење на должина
.
Внимавајте на тоа, мерниот уред да е на иста висина како и бараната мерна точка.
Мерење на косини
Притиснете го копчето (k) и потоа изберете го копчето за мерење на косини .
Мерењето на косини служи за мерење на нагорнини и надолнини
(на пр. на скали, гелендери, при вклопување на мебел, при
положување на цевки итн.).
Како референтно ниво на мерењето на косини служи левата
страна на мерниот уред. Ако на екранот не се покаже аголот на
косина, за време на процесот на мерење мерниот уред премногу
се навалил на страна.
Можете да ја утврдите актуелната мерна вредност со притискање
на мерното копче (1) или на копчето на екранот.
Дигитална либела
Притиснете го копчето (k) и потоа изберете го копчето за дигитална либела .
Bosch Power Tools 1 609 92A 4P2 | (18.01.2019)

Содержание

Скачать