Bosch PLR 50 C (603672220) [185/303] Интегрирана помошна функција

Bosch PLR 50 C (603672220) [185/303] Интегрирана помошна функција
Македонски | 185
Доколку околу 20 s по визирањето не се изврши мерење, ласерскиот зрак
автоматски се исклучува заради заштита на батериите, а екранот се затемнува.
Интегрирана помошна функција
За секоја мерна функција во мерниот уред постои вградена
помош како анимација. Најпрво изберете го копчето (k) и потоа
саканата мерна функција. Анимацијата Ви ја прикажува деталната
постапка за избраната мерна функција.
Анимацијата може да биде запрена во секое време и одново да се
стартува. Можете да ја лизгате напред и назад.
Избирање на референтно ниво (види сликиA–C)
За мерењето може да изберете три различни референтни нивоа:
заден раб на мерниот уред (на пр. при поставување на ѕидови),
граничната плоча којашто е отворена за 180° (3) (напр. за мерења од агли),
предниот раб на мерниот уред (напр. при мерење, почнувајќи од еден раб на
маса).
За избор на референтното ниво притиснете го копчето (e) и изберете го саканото
референтно ниво на допирниот екран. По секое вклучување на мерниот уред,
задниот раб на мерниот уред е претходно поставен како референтно ниво.
Дополнителна промена на референтното ниво на веќе извршените мерења (напр.
при прикажување на измерените вредности во листата на измерени вредности) не е
можна.
Мени Основни поставки
За да влезете во менито „Основни поставки“, притиснете на
копчето (i) и потоа на копчето (o).
Сега изберете го саканото копче, за да ја активирате одн.
деактивирате фукцијата. Деактивираната поставка ќе се прикаже
како сива ознака, а активираната поставка како бела ознака.
За да излезете од менито „Основни поставки“ притиснете на
копчето (n).
Основни поставки
Калибрирање на косини Старт
Сигнални тонови Вклучено Исклучено
Bosch Power Tools 1 609 92A 4P2 | (18.01.2019)

Содержание

Скачать