Bosch PLR 50 C (603672220) — македонски дигитален ласерски мерен уред за далечинско мерење [182/303]

Превью страниц Страница 182 / 303
Bosch PLR 50 C (603672220) [182/303] Дигитален ласерски мерен уред на далечина plr 50 c
182 | Македонски
Дигитален ласерски мерен уред на далечина PLR 50 C
Макс. јачина на испраќање 2,5 mW
A) За мерење од задниот раб на мерниот уред. Опсегот ќе биде поголем, доколку ласерското
светло подобро се враќа од површината на целта (контролно, не рефлектирачки) и доколку
ласерската точка е посветла во однос на околното осветлување (внатрешни простори,
затемнување). За растојание помало од 20m не треба да се користи ретро-рефлектирачка
целна табла, бидејќи таа може да доведе до мерни грешки.
B) При мерење од задниот раб на мерниот уред, 100% рефлексија на целта (на пр. бело
обоен ѕид), слаба осветленост на позадината и 25°C оперативна температура.
Дополнително треба да се пресмета влијание од  ±0,05mm/m.
C) По калибрирање при 0° и 90°. Дополнителна грешка на косина од макс. ±0,01°/степени до
45°.
D) при 25°C оперативна температура
E) Во функцијата Континуирано мерење, макс. оперативна температура изнесува +40 °C.
F) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена
спроводливост предизвикана од кондензација.
G) во зависност од квалитетот на површината и надворешните услови
H) Bluetooth® деактивиран
I) Кај Bluetooth®-уредите со ниска енергија, во зависност од моделот и оперативниот систем
не е возможно воспоставување на врската. Bluetooth®-уредите мора да поддржуваат SPP
профил.
Серискиот број (6) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот
мерен уред.
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански
батерии.
Со 1,2‑волтни батерии се возможни помалку мерења отколку со 1,5‑волтни
батерии.
За да го отворите поклопецот на преградата за батерии (4) отворете ја граничната
плоча (3), притиснете ја блокадата (5) во правец на стрелката и извадете го
поклопецот од преградата за батерии. Ставете ги батериите внатре. Притоа
внимавајте на правилната позиција на половите на батериите во зависност од
приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Доколку се појави ознаката за батерија за првпат на екранот, можни се уште
најмалку 100 мерења. Доколку ознаката за батерија е празна, мора да ги замените
батериите бидејќи не е возможно мерење.
1 609 92A 4P2 | (18.01.2019) Bosch Power Tools

Содержание

798

Откријте предности на дигиталниот ласерски мерен уред за точно мерење на далечина. Идеален за различни површини и услови, со лесна замена на батерии.