Bosch PLR 50 C (603672220) [191/303] Проверка на точноста и калибрирањето на мерењето на косини

Bosch PLR 50 C (603672220) [191/303] Проверка на точноста и калибрирањето на мерењето на косини
Македонски | 191
Исто така на измерената вредност може да влијаат и процепите за вентилација со
различни температури или индиректно примените рефлексии.
Проверка на точноста и калибрирањето на мерењето на косини
Во режимите „Мерење на косини“, „Дигитална либела“ и „Индиректно мерење на
растојанија“ се користи нагибен сензор. При користење на овие модули Ве
препорачуваме редовна калибрација (види „Мени Основни поставки“,
Страница185). Следете ги инструкциите на допирниот екран.
По големи температурни промени и по удари, препорачуваме да се изврши
проверка на точноста и ев. калибрирање на мерниот уред. По промена на
температурата, мерниот уред мора да се прилагоди на нормалната температура
некое време пред да се изврши калибрација на косината.
По јаки осцилации во температурата, мерниот уред автоматски предложува
калибрација.
Проверка на точноста на мерењето на растојание
Точноста на измерените растојанија може да ја проверите на следниов начин:
Изберете едно непроменливо мерно подрачје со должина од околу 3 до 10m,
чија должина точно ја знаете (напр. ширината на просторијата, отворот на
вратата). Мерната траса мора да биде во внатрешен простор, целната површина
на мерењето треба да биде мазна и добро рефлектирачка.
Измерете го подрачјето 10 пати едно по друго.
Отстапувањата од средната вредност на поединечните мерења смеат да изнесуваат
максимално ±2mm. Запишувајте ги мерењата, за да може подоцна да ја споредите
точноста.
Мерење со гранична плоча (види сликаB)
Користењето на гранична плоча (3) напр. мерења од агли (просторна дијагонала)
или тешко достапни места.
Отворете ја граничната плоча (3).
Соодветно подесете го референтното ниво за мерења со гранична плоча на
мерниот уред.
По завршување на мерењето, повторно затворете ја граничната плоча (3).
Дефект - Причини и помош
Причина Помош
Предупредувањето за температура (b) трепка, мерењето не е возможно
Bosch Power Tools 1 609 92A 4P2 | (18.01.2019)

Содержание

Скачать