Bosch PLR 50 C (603672220) [190/303] Деактивирање на bluetooth интерфејс

Bosch PLR 50 C (603672220) [190/303] Деактивирање на bluetooth интерфејс
190 | Македонски
Статусот на поврзување како и активната врска ќе се прикажат на статусната линија
на мерниот уред (a).
Доколку не може да се воспостави врска 3 минути по притискање на копчето
Bluetooth® (j), Bluetooth® автоматски се исклучува заради заштита на батериите.
Деактивирање на
Bluetooth
®-интерфејс
За деактивирање на Bluetooth®-интерфејсот притиснете на копчето Bluetooth® (j)
или исклучете го мерниот уред. Алтернативно може да се активира Bluetooth®-
интерфејсот преку менито „Основни поставки“ (види „Мени Основни поставки“,
Страница185).
Совети при работењето
u Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс. Треба да се внимава на
локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници.
Општи напомени
Приемната леќа (9) и излезот на ласерскиот зрак (8) не смеат да бидат покриени за
време на мерењето.
Мерниот уред не смее да се движи за време на мерењето (со исклучок на
функциите континуирано мерење и мерење на косини). Доколку е возможно,
поставете го мерниот уред на цврста подлога.
Влијанија на мерното поле
Мерното поле зависи од светлосните услови и рефлективните својства на целната
површина. За подобра видливост на ласерскиот зрак при работа на надворешен
терен и прејаки сончеви зраци, користете ласерски очила (10) (опрема) и целна
табла на ласерот (11) (опрема), или засенете ја целната површина.
Влијанија на мерниот резултат
Поради физички ефекти не може да се исклучи фактот, дека при мерењето на
различни површини доаѓа до погрешно мерење. Тука спаѓаат:
транспарентни површини (напр. стакло, вода),
површини што рефлектираат (напр. исполиран метал, стакло)
порозни површини (напр. изолациски материјали),
структурирани површини (напр. груб малтер, природен камен).
Доколку е возможно, на овие површини користете целна табла за ласерот (11)
(опрема).
Грешки при мерењето се исто така можни и кај накосо визирани целни површини.
1 609 92A 4P2 | (18.01.2019) Bosch Power Tools

Содержание

Скачать