Bosch PLR 50 C (603672220) [183/303] Употреба

Bosch PLR 50 C (603672220) [183/303] Употреба
Македонски | 183
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден
производител и со ист капацитет.
u Доколку не сте го користеле мерниот уред подолго време, извадете ги
батериите од него. Доколку се подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Употреба
Употреба на допирниот екран
u Не го користете мерниот уред, доколку има оштетувања на екранот на допир
(напр. пукнатини на површината итн.).
A
C
B
Екранот е поделен на полињата статусна линија (A) и екран за
допир (B) со лента за мени (C).
Статусната лента го покажува статусот на поврзување на
Bluetooth®, предупредувањето за температура како и состојбата
на наполнетост на батериите.
Мерниот уред може да се контролира преку допирниот екран со
допирање на копчињата.
Лентата за мени содржи дополнителни функции (напр. вклучување/исклучување на
Bluetooth®, мени, бришење).
За управување со допирниот екран користете го само прстот.
Лесно притиснете на соодветното копче (копче на интерфејсот). Не го допирајте
допирниот екран со голем притисок или остри предмети.
Не го принесувајте допирниот екран близу други електрични уреди или вода.
За да го исчистите допирниот екран, најпрво исклучете го мерниот уред, а потоа
избришете ја нечистотијата со крпа од микрофибер.
Ставање во употреба
u Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
u Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви
зраци.
u Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
температурни осцилации. Напр. не го оставајте долго време во автомобилот.
При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се
Bosch Power Tools 1 609 92A 4P2 | (18.01.2019)

Содержание

Скачать