Bosch PLR 50 C (603672220) [186/303] Мерни функции

Bosch PLR 50 C (603672220) [186/303] Мерни функции
186 | Македонски
Основни поставки
Bluetooth® Вклучено Исклучено
Мерни функции
Едноставно мерење на должини
Со едноставно мерење на должините ќе ги измерите далечината, должините,
висините и растојанијата.
Притиснете го копчето (k) и потоа изберете го копчето за мерење на должини .
За вклучување на ласерот и за мерење, кратко притиснете на мерното копчето (1).
Мерење на површини
Со мерење на површина, измерете ги ширината и должината едно по друго како кај
мерење на должини. Помеѓу двете мерења, ласерскиот зрак останува вклучен. По
завршување на второто мерење површината автоматски ќе се пресмета и прикаже.
Притиснете го копчето (k) и потоа изберете го копчето за површинско мерење .
Мерење на волумен
Со мерењето на волумен измерете ја должината, ширината и висината едно по
друго како кај мерењето на должини. Помеѓу трите мерења, ласерскиот зрак
останува вклучен. По завршување на третото мерење волуменот автоматски ќе се
пресмета и прикаже.
Притиснете го копчето (k) и потоа изберете го копчето за мерење на волумен .
Собирање/одземање на должини, површини, волумени
Со собирањето/одземањето на должини, површини или волумени измерете ги
должините, површините или волумените и соберете ги или одземете ги поединечно
(на пр. како помош при пресметување на димензиите на материјалот).
Притиснете го копчето (k) и потоа изберете го копчето за пресметка на должини
или пресметка на површини или пресметка на волумен .
Со копчето можете да избирате меѓу „+“ и „–“ или да започнете нова пресметка.
За да завршите со собирање/одземање, притиснете на копчето за мерење (1).
Вредностите над 9999999m
3
или под –999999m
3
не може да се прикажат, на
екранот се појавува „ERROR“.
Индиректно мерење на растојанија
Напомена: Индиректното мерење на растојанија е секогаш поточно од директното
мерење на растојанија. Во зависност од примената, мерните грешки може да се
поголеми од директното мерење на растојанија. За подобрување на прецизноста
1 609 92A 4P2 | (18.01.2019) Bosch Power Tools

Содержание

Скачать