Bosch PLR 50 C (603672220) [184/303] Вклучување исклучување

Bosch PLR 50 C (603672220) [184/303] Вклучување исклучување
184 | Македонски
аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или
температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
u Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни
влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете
проверка на точноста ((види „Проверка на точноста и калибрирањето на
мерењето на косини“, Страница191), (види „Проверка на точноста на мерењето
на растојание“, Страница191)).
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред, притиснете кратко на копчето за мерење (1). При
вклучувањето на мерниот уред, ласерскиот зрак сè уште не е вклучен.
За исклучување на мерниот уред притиснете долго на мерното копче (1).
Доколку околу 5 минути не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тој
автоматски се исклучува заради заштита на батериите. При исклучувањето, се
задржуваат сите зачувани вредности.
Процес на мерење
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во функција на
должинско мерење. Другите мерни функции може да ги
поставите со притискање на копчето (k) (види „Мерни функции“,
Страница186).
Како референтно ниво за мерење, по вклучувањето, е избран
задниот раб на мерниот уред. Со притискање на копчето (e) може
да го промените референтното ниво (види „Избирање на
референтно ниво (види сликиAC)“, Страница185).
Поставете го мерниот уред со избраното референтно ниво на саканата стартна
точка за мерење (напр. ѕид).
За да го вклучите ласерскиот зрак, притиснете кратко на копчето (1).
u Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте
директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
Насочете го ласерскиот зрак кон целната површина. За активирање на мерењето,
одново притиснете кратко на мерното копче (1).
Со функцијата Континуирано мерење, мерењето започнува веднаш по првото
притискање на мерното копче (1).
Мерната вредност типично се појавува во рок од 0,5 s и најдоцна по 4 s.
Времетраењето на мерењето зависи од оддалечувањето, светлосните услови и
рефлектирачките својства на целната површина.
1 609 92A 4P2 | (18.01.2019) Bosch Power Tools

Содержание

Скачать