Stihl RM 253.0 T (INT1) [277/358] За ваша безбедност

Stihl RM 253.0 T (INT1) [277/358] За ваша безбедност
275
PLSLTRHUSRHRLVLTRORUBGUKETSQ MK
0478 111 9839 B - MK
4.1 Општо
При работењето со уредот
мора да се почитуваат
следниве правила за заштита
од незгода.
Пред првото пуштање во
употреба на уредот, треба
внимателно да се прочита
целото Упатство за употреба.
Внимателно чувајте го Упатството за
употреба за натамошно користење.
Обрнете внимание на упатствата за
употреба и одржување што ќе ги
најдете во посебното Упатство за
употреба Бензински мотор.
Овие мерки за безбедност се важни за
Вашата безбедност, меѓутоа листата не
е конечна. Секогаш ракувајте со уредот
внимателно и одговорно и имајте
предвид дека корисникот е одговорен
за евентуалните незгоди на други лица
или нивниот имот.
Запознајте се со контролните елементи
и употребата на уредот.
Со уредот смеат да управуваат само
лица кои го прочитале Упатството за
употреба и се запознаени со начинот на
ракување со уредот. Пред првото
пуштање во употреба корисникот треба
да добие стручни и практични
инструкции. Продавачот или некое
друго стручно лице мора да му објасни
на корисникот како се користи уредот.
При давањето инструкции на
корисникот треба да му се укаже дека за
работата со уредот се неопходни
особена грижливост и концентрација.
Дури и кога ракувате со уредот како што
е пропишано, секогаш постојат
преостанати ризици.
Уредот заедно со сите додатоци смее
да се дава само на лица кои се упатени
или се запознаени со овој модел и со
начинот на употреба. Упатството за
употреба е дел од уредот и секогаш
мора да се предава заедно со неа.
Користете го уредот само кога сте
одморени и при добра телесна и
душевна состојба. Доколку имате
здравствени потешкотии, консултирајте
се со Вашиот лекар дали смеете да
управувате со уредот. Со уредот не
смее да се управува по консумирање
алкохол, дроги или лекарства, кои ги
забавуваат реакциите.
Осигурете се дека корисникот физички,
сетилно или ментално е способен да
ракува со уредот и да работи со него.
Доколку корисникот физички, сетилно
или ментално е ограничен за оваа
способност, тој смее да работи само
под надзор или според упатствата од
страна на одговорно лице.
Осигурете се дека корисникот е
полнолетен или дека согласно
националните регулативи под надзор е
обучен за професијата.
Уредот е предвиден само за приватна
употреба.
ВниманиеОпасност од незгода!
Косилката за трева е наменета
исклучиво за косење трева. Друга
употреба не е дозволена и може да
биде опасна или да доведе до
оштетување на машината.
Поради опасност од повреда на
корисникот, косилката не смее да се
употребува за следниве активности
(набројувањето не е конечно):
за порамнување, сечење грмушки и
жива ограда,
за сечење на растенија коишто
растат во висина,
за одржувње тревници на покриви и
на балкони,
за сечење и за ситнење делови од
дрвја и жива ограда;
за чистење на тротоари
(вшмукување, издувување),
за порамнување на нерамнини на
земјата, како на пр. купчиња
направени од кртови;
за транспортирање на искастрен
материјал, освен во корпата за
искосена трева, која е наменета за
тоа.
Од безбедносни причини забранета е
секоја измена на уредот, со исклучок на
стручно вградување на прибор и
опрема што се одобрени од STIHL, а
истото води кон прекин на важноста на
гаранцијата. Информации за
одобрениот прибор и опрема можете да
добиете кај овластениот застапник за
STIHL.
4. За Ваша безбедност
Опасност по живот од
задушување!
Опасност од задушување за деца
при играње со материјалот за
пакување. Материјалот за
пакување задолжително мора да
се држи настрана од децата.

Содержание

Похожие устройства

Скачать