Stihl RM 253.0 T (INT1) [281/358] Pl sl tr hu sr hr lv lt ro ru bg uk et sq mk

Stihl RM 253.0 T (INT1) [281/358] Pl sl tr hu sr hr lv lt ro ru bg uk et sq mk
279
PLSLTRHUSRHRLVLTRORUBGUKETSQ MK
0478 111 9839 B - MK
Внимавајте секогаш добро да се
поставите кога работите на стрмна
површина и избегнувајте работа со
уредот на многу стрмни површини.
Од безбедносни причини, апаратот не
смее да се користи на стрмнини со
косина поголема од 25° (46,6 %).
Опасност од повреди!
Аголот на наслон од 25° одговара на
вертикално растојание од 46,6 cm на
100 cm хоризонтална должина.
За да се обезбеди доволно
подмачкување на моторот, при
употреба на уредот на стрмнина, треба
да се почитуваат дополнителните
информации доставени заедно со
Упатството за употреба Бензински
мотор.
Ракување:
Немојте да вршите проверки
на ножот додека косилката за
трева е вклучена. Немојте
никогаш да го отворате капакот на
отворот за исфрлање и/или да ја
отстранувате корпата за искосена
трева, додека ножот за косење е во
движење. Ножот во движење може да
предизвика тешки повреди.
Движете го уредот само во темпо на
чекорењенемојте никогаш да трчате
кога работите со уредот. Доколку со
уредот се движите премногу брзо,
опасноста од повреди поради
сопнување, лизгање и сл. е поголема.
Бидете особено внимателни кога го
вртите уредот или кога го повлекувате
кон себе.
Опасност од сопнување!
Употребувајте го уредот со посебна
претпазливост, кога работите во
близина на падини, рабови од
површини, јами и насипи. Посебно
внимавајте на доволното растојание од
таквите опасни места.
Предметите кои се скриени во
земјениот слој на никнување (прскалки
за тревник, столпчиња, вентили за
вода, темели, електрични водови итн.)
мора да се заобиколат. Никогаш не
поминувајте преку овие туѓи предмети.
По исклучувањето,
внимавајте на движењето на
сечилото, бидејќи се
потребни уште неколку
секунди за тоа сосема да
запре.
Исклучете го моторот со внатрешно
согорување, почекајте да се смири
работната алатка и извлечете го
приклучокот за свеќичката,
кога се оддалечувате од уредот,
односно кога тој не е под надзор,
пред да дополните гориво. Ставајте
гориво само кога моторот со
внатрешно согорување е изладен.
Опасност од пожар!
пред да ги отстраните блокадите и
затнувањата во каналот за
исфрлање,
пред да го подигнете и носите
уредот,
пред да го транспортирате уредот,
пред да работите на ножот за
косење,
пред да вршите проверка, пред да го
чистите уредот или пред да вршите
други активности (на пр.
преклопување на управувачот) на
него,
кога ќе удрите во надворешно тело
или доколку косилката за трева
почне ненормално силно да вибрира.
Пред повторно да го стартувате
уредот и да работите со него,
проверете го, пред сè оштетувањето
на склопот за сечење (ножот,
осовината за ножот, приборот за
прицврстување на ножот) и
направете ги неопходните поправки.
Исклучете го моторот,
кога го туркате апаратот кон и од
тревната површина што ќе се
обработува,
пред да го носите апаратот до
површина што не е обрасната со
трева,
Опасност од повреди!
Никогаш не доближувајте ги
рацете или стапалата над, под
или до деловите што се вртат.
Опасност од повреди!
Силното вибрирање по правило е
знак за неисправност.
Не смее да се работи со косилка
за трева со оштетена или
свиткана радилица, или со
оштетен, односно свиткан нож за
косење.
Доколку немате доволно
познавања, препуштете ги
потребните поправки на стручно
лице – STIHL го препорачува
овластениот застапник на STIHL.

Содержание

Похожие устройства

Скачать