Stihl RM 253.0 T (INT1) [282/358] Одржување и поправки

Stihl RM 253.0 T (INT1) [282/358] Одржување и поправки
0478 111 9839 B - MK
280
пред да го отворите дефлекторот
или пред да ја извадите корпата за
искосена трева,
кога апаратот мора да се наведне
заради транспортирање,
пред да ја поставите висината на
косење.
4.7 Одржување и поправки
Пред почетокот на работите на
чистење, нагодување, поправка и
одржување:
Одложете го уредот на цврста и
рамна подлога,
●Изгаснете го моторот со внатрешно
согорување и оставете го да се
излади,
●Извлечете го приклучокот
за свеќичката.
ВниманиеОпасност од
повреди!
Приклучокот за свеќичка држете го
настрана од свеќичката, ненамерното
искрење може да доведе до пожари или
струјни удари.
Ненамерниот контакт на свеќичката со
приклучокот за свеќичка може да
доведе до несакано стартување на
моторот со внатрешно согорување.
Треба да се почека апаратот да се
излади, особено пред работење во
подрачјето на моторот, издувното грло
и ауспухот. Може да бидат постигнати
температури од 80° C и повеќе.
Опасност од изгореници!
Директниот контакт со моторно масло
може да биде опасен, освен тоа
моторното масло не смее да се истура.
STIHL препорачува полнењето односно
менувањето на моторното масло да му
се препушти на овластен застапник на
STIHL.
Чистење:
По секоја употреба целиот уред мора
добро да се исчисти. (Ö 11.2)
Заглавените остатоци од трева да се
отстранат со помош на дрвено стапче.
Долната страна на косилката да се
чисти со четка и вода.
Пред да се постави машината во
позиција за чистење, треба да се
испразни резевоарот за гориво (на пр.
со испуштање).
Никогаш не употребувајте уред за
миење под висок притисок и не мијте го
уредот под млаз вода (на пр. со
градинарско црево).
Не употребувајте агресивни средства
за чистење. Тие можат да ги оштетат
пластиката и металот, со што би се
оневозможила безбедна работа на
Вашиот STIHL-уред.
За да се избегне опасност од пожар,
треба отворите за воздухот за ладење,
радијаторите и делот кај издувната
цевка да не дојдат во допир со на пр.
трева, слама, плевел, листови или
истечено масло.
Одржување:
Дозволено е да ги вршите само оние
активности за одржување, кои се
наведени во ова Упатство за употреба,
сите останати работи треба да ги врши
овластен застапник.
Доколку немате соодветно познавање и
помошни средства, секогаш обратете
се кај овластениот застапник.
STIHL препорачува одржувањето и
поправките да ги извршува само
овластен застапник на STIHL.
Овластените застапници на STIHL
редовно посетуваат обуки и ги имаат на
располагање сите технички
информации.
При поправките треба да се употребува
само алат, прибор или додатни уреди,
кои се одобрени од STIHL за овој уред
или се технички слични делови, во
спротивно постои опасност од незгоди и
може да дојде до повреди кај луѓето или
до оштетување на уредот. Доколку
имате прашања обратете се му се на
овластениот застапник.
Според своите карактеристики,
оригиналниот алат, прибор и резервни
делови од STIHL се оптимални за
уредот и се прилагодени на барањата
од страна на корисникот. Оригиналните
резервни делови од STIHL можат да се
препознаат по STIHL-бројот на
резервниот дел, по натписот STIHL и по
STIHL-ознаката на резервниот дел. На
помалите делови може да стои само
знакот.
Од безбедносни причини, редовно
треба да се проверуваат деловите кои
имаат допир со горивото (водот за
гориво, вентилот за гориво,
резервоарот, затворачот од
резервоарот, приклучоците и сл.), за да
се види дали се оштетени и дали
Опасност од повреди од ножот
за косење!
Со повлекување на сајлата за
стартување работниот алат се
придвижува со кружни движења.
Кога ја повлекувате сајлата за
стартување, внимавајте секогаш
да има доволно растојание од
ножот за косење, особено рацете
и стапалата.

Содержание

Похожие устройства

Скачать