Stihl RM 253.0 T (INT1) [290/358] Транспорт

Stihl RM 253.0 T (INT1) [290/358] Транспорт
0478 111 9839 B - MK
288
12.1 Транспорт
Кревање или носење на уредот:
Апаратот се подигнува, односно носи
исклучиво на точката за држење (1) и
на горниот дел на рачката (2)
односно се подигнува, т.е. носи при
склопен горен дел на рачката на
двата долни дела на рачката (3)
(види слика A).
Транспорт на апаратот:
При транспортирање, апаратот се
става на товарната подлога (приколка,
автомобил и сл.) и се прицврстува со
соодветни средства за прицврстување
со соодветна големина, за да се
осигура стабилност. Јажето, односно
ременот, се прицврстуваат на следниве
точки на апаратот:
предно тркало, задно тркало
долен дел на рачките
Важни упатства за одржување и
чување за групата прозводи
Косилка за трева на бензин (STIHL
RM)
Фирмата STIHL не прифаќа никаква
одговорност за повредите на луѓето и
материјалната штета предизвикани
поради непочитување на напомените
во Упатството за употреба, особено
советите за безбедност, ракување и
одржување, или, пак, поради употреба
на неодобрени додатоци за вградување
или резервни делови.
Особено внимавајте на следниве важни
напомени, со цел да се избегнат штети
или прекумерно абење на Вашиот
STIHL уред:
1. Потрошни делови
Некои делови од уредите на STIHL и
при нормална употреба подлежат на
нормално абење и во зависност од
видот и од времето на користење мора
навреме да се заменат.
Тука, меѓу другите, спаѓаат:
ножот
корпата за искосената трева
ременот (RM 248 T, RM 253 T)
2. Придржување кон барањата од
Упатството за употреба
STIHL уредот мора да се користи,
одржува и да се чува мошне
внимателно, онака како што е опишано
во ова Упатството за употреба. За сите
штети што настануваат поради
непочитување на напомените за
безбедност, користење и одржување, е
одговорен самиот корисник.
Ова, пред сè, важи за:
правење на измени на производот
што не се одобрени од STIHL.
употреба на горива и масла што не
се одобрени од STIHL (средства за
подмачкување, бензин и моторно
масло, види податоци од
производителот на моторот со
внатрешно согорување).
употребата на алати или прибор, кои
не се одобрени за уредот, не се
соодветни или се со понизок
квалитет.
несоодветна употреба на
производот.
употреба на производот на спортски
настани или натпревари.
штети настанати како последица на
натамошната употреба на
производот со дефектни делови.
3. Одржување
Сите работи наведени во делот
Одржувањемора редовно да се
спроведуваат.
Доколку корисникот не е во состојба сам
да го извршува одржувањето, тогаш
треба да се ангажира овластениот
застапник.
12. Транспорт
Опасност од повреди!
Пред транспортот, внимателно
прочитајте го поглавјетоЗа
ваша безбедност“. (Ö 4.)
Секогаш носете ја машината со
помош на уште едно лице.
Притоа секогаш задолжително
носете соодветна заштитна
облека (заштитни обувки, цврсти
ракавици).
Пред подигањето, односно
транспортирањето да се извлече
приклучокот за свеќичката.
Опасност од повреди!
Апаратот смее да се
прицврстува само доколку е
поставен на сите четири тркала.
Во оваа положба ножот за
косење не е во слободна
состојба и не може да дојде до
истекување на моторно масло и
гориво (види слика B).
17
13. Минимизирање на
абењето и избегнување
штети

Содержание

Похожие устройства

Скачать