Stihl RM 253.0 T (INT1) [279/358] Транспорт на уредот

Stihl RM 253.0 T (INT1) [279/358] Транспорт на уредот
277
PLSLTRHUSRHRLVLTRORUBGUKETSQ MK
0478 111 9839 B - MK
При одржување и чистење,
како и при транспорт на
уредот, секогаш носете
поцврсти ракавици и, доколку
имате долга коса, соберете ја и покријте
ја (со марама, капа и сл).
При острење на ножот за
косење задолжително
користете соодветни
заштитни очила.
Уредот смее да се користи само со
долги панталони и прилепена облека.
Никогаш немојте да носите широка
облека, којашто може да се закачи на
подвижните делови (контролната
рачка) – како и накит, машни и шалови.
За време на работата
настанува бучава. Бучавата
може да го оштети слухот.
Носете штитник од бучава.
4.4 Транспорт на уредот
Задолжително да се користат ракавици,
за да се избегнат повреди од острите и
жешки делови на уредот.
Уредот не смее да се транспортира со
вклучен мотор. Пред транспортирање,
моторот треба да се исклучи, да се
почека да се смири ножот и да се
извлече утикачот за свеќичката.
Апаратот треба да се транспортира
само со изладен мотор и без гориво.
Користете соодветни помагала за
товарење (рампи за товарење, направи
за кревање).
Уредот и останатите делови кои се
транспортираат (на пр. корпата за
искосена трева) се прицврстуваат со
средства за прицврстување со
соодветна големина (каиш, сајла и сл).
При подигнување и носење да се
избегнува контакт со ножот за косење.
Внимателно прочитајте ги упатствата
во поглавјетоТранспорт“. Таму е
опишано како треба да се подигнува,
односно прицврстува уредот. (Ö 12.)
При транспортирање на опремата,
треба да се почитуваат регионалните
прописи, особено во смисла на
безбедноста на товарот и на
транспортот на стоките со превозни
средства.
4.5 Пред почетокот на работењето
Мора да се осигура дека со уредот
управуваат исклучиво лица, кои се
запознати со содржината на Упатството
за употреба.
Пред пуштањето на апаратот во
употреба, се проверува заптивањето на
системот за гориво, особено на
видливите делови, како што се на пр.
резервоарот, капакот на резервоарот,
приклучоците за цревото. Во случај на
недоволно заптивање или оштетување,
бензинскиот мотор не треба да се
стартуваОпасност од пожар!
Пред пуштањето во употреба, апаратот
се дава на поправка кај овластениот
трговец.
Имајте ги во предвид локалните
прописи за времето на работење на
градинарските уреди со мотор со
внатрешно согорување, т.е.
електромотор.
Проверете ја внимателно површината
на којашто ќе се работи со уредот и
отстранете ги камењата, трупците,
коските и другите предмети кои уредот
може да ги здроби. Пречките (на пр.
пресечени стебла, корења) може да не
се гледаат поради високата трева.
Поради тоа, пред да почнете да
работите со уредот, обележете ги сите
скриени предмети (пречки) на
површината за косење, кои не можат да
се отстранат.
Пред употребата на уредот,
неисправните, како и истрошените и
оштетени делови, мораат да се
заменат. Нечитливите и оштетените
предупредувања за опасност на уредот
треба да се обноват. Вашиот овластен
продавач на STIHL ги има резервните
налепници со натписи и сите други
резервни делови.
Уредот смее да се користи само кога е
во состојба безбедна за работење.
Пред секоја употреба треба да се
провери,
дали уредот е монтиран како што е
пропишано.
дали сечивото и целата единица за
сечење (ножот за косење,
шрафовите за прицврстување и
куќиштето на механизмот за косење)
се наоѓаат во беспрекорна состојба.
Особено треба, во безбедна
положба, да се провери дали некој
дел е оштетен (рецки или пукнатини)
или изабен.(Ö 11.4)
дали е правилно затворено капачето
од резервоарот за гориво.
дали резервоарот и доводите за
гориво, како и капачето на
резервоарот се во добра состојба.

Содержание

Похожие устройства

Скачать