Stihl RM 253.0 T (INT1) [278/358] Ставање гориво ракување со бензин

Stihl RM 253.0 T (INT1) [278/358] Ставање гориво ракување со бензин
0478 111 9839 B - MK
276
Особено се забранува секаква
манипулација на уредот, со која се
врши промена на моќноста или бројот
на вртежите на моторот со внатрешно
согорување, т.е. електромоторот.
Со уредот не смеат да се
транспортираат предмети, животни или
луѓе, особено деца.
Потребно е да се биде многу
внимателен при употребата на уредот
на јавни места, паркови, спортски
игралишта, улици и во земјоделски и
шумски предели.
Внимание! Опасност по
здравјето поради
вибрациите! Преголемото
оптоварување поради
вибрациите може да доведе до
оштетување на кардиоваскуларниот
или нервниот систем, особено кај
луѓето со кардиоваскуларни проблеми.
Доколку почувствувате симптоми што
би можеле да се јават како последица
од оптоварувањето со вибрации,
обратете се кај лекар.
Вакви симптоми, кои најчесто се
појавуваат во прстите, дланките или на
рацете, се на пр. (листата не е
целосна):
отрпнатост,
болки,
слабост во мускулите,
менување на бојата на кожата,
непријатно скокоткање.
Но, за време на работењето не држете
го управувачот стегнато со двете раце
на предвидените места.
Работното време планирајте го така
што ќе се избегнат поголеми
оптоварувања во текот на подолг
временски период.
4.2 Ставање гориворакување со
бензин
Чувајте го бензинот во садови
(канистри) наменети и проверени
специјално за таа цел. Капачињата за
затворање на садовите за бензин треба
секогаш добро да се завртат и затегнат.
Од безбедносни причини дефектните
капачиња треба да се заменат.
Немојте никогаш да користите шишиња
од пијалоци или слично за складирање
или чување горива и масла како
на пример гориво. Луѓе, особено деца,
би можеле да се излажат и да се
напијат од нив.
Бензинот треба да се чува
подалеку од извор на
искрење, отворен пламен,
постојан оган, извори на
топлина и други извори на пламен.
Немојте да пушите!
Ставајте гориво само на отворено и не
пушете додека полните гориво.
Пред да ставате гориво изгаснете го
моторот и оставете го да се олади.
Бензинот се полни пред да се стартува
моторот. Додека моторот работи или
додека машината е сè уште загреана,
капакот од резервоарот не смее да се
отвора и не смее да се дополнува
гориво.
Не преполнувајте го
резервоарот за гориво!
За на горивото да му оставите
место да се прошири, никогаш
не полнете го резервоарот за
гориво над долниот раб од
отворот за полнење.
Дополнително, обрнете
внимание на податоците во упатството
за употреба на мотор со внатрешно
согорување.
Доколку бензинот претече, моторот
смее да се стартува откако е исчистена
површината извалкана со бензин.
Треба да се избегнува секој обид за
стартување сè додека не исчезне
пареата од бензинот (да биде суво).
Секогаш треба да се избрише горивото
што ќе претече.
Доколку Ви се истури бензин на
облеката, морате да ја преслечете.
Немојте никогаш да ја чувате машината
со бензин во резервоарот во затворен
простор. Пареата од бензин може да
дојде во допир со отворен оган или
искри и да се запали.
Доколку треба да го испразните
резервоарот, направете го тоа на
отворено.
4.3 Облека и опрема
За време на работењето
секогаш носете чевли со ѓон
што не се лизга. Немојте
никогаш да работите боси или на
пример со сандали.
Опасно по живот!
Бензинот е отровен и лесно
запаллив.

Содержание

Похожие устройства

Скачать