Stihl RM 253.0 T (INT1) [280/358] За време на работењето

Stihl RM 253.0 T (INT1) [280/358] За време на работењето
0478 111 9839 B - MK
278
дали заштитните делови од
машината (на пр. отпусната рачка за
запирање, дефлекторот, куќиштето,
управувачот, заштитната решетка)
се во добра состојба и
функционираат правилно.
дали корпата за искосена трева е
неоштетена и е правилно монтирана;
не смее да се употребува оштетена
корпа за искосена трева.
дали е правилно зашрафена
завртката за масло.
Во случај на потреба да се извршат
сите неопходни работи, односно да се
обратите кај овластениот застапник.
STIHL Ви го препорачува овластениот
застапник за STIHL.
4.6 За време на работењето
Никогаш не вклучувајте го
уредот кога во непосредна
близина се наоѓаат животни
или луѓе, особено деца.
Контролните и заштитни механизми
што се инсталирани на уредот, не смеат
да се отстрануваат или да се
премостуваат. Особено отпусната
рачка за запирање не смее никогаш да
се фиксира на рачката за управување
(на пр. со врзување).
ВниманиеОпасност од
повреда!
Никогаш не доближувајте ги
рацете или стапалата на или
под деловите што се вртат. Никогаш
немојте да го доприрате ножот за
косење додека се движи. Држете се
секогаш настрана од отворот за
исфрлање.
Секогаш држете безбедно растојание
со управувачот. Управувачот мора
секогаш да биде прописно монтиран и
не смее да се прават измени на него.
Машината не смее никогаш да се
активира додека е управувачот
преклопен.
Никогаш не закачувајте предмети на
управувачот (на пр. работна облека).
Работете на дневна светлина или при
добро вештачко осветлување.
Уредот не смее да се употребува на
дожд, невреме и особено не при
грмотевици.
Доколку со уредот се работи на влажна
подлога, постои зголемена опасност од
незгоди.
Мора да се работи многу внимателно,
за да се избегне пролизгување. Доколку
е возможно, треба да се избегнува
работење на влажна подлога.
Издувни гасови:
Додека моторот работи,
апаратот испушта отровни
издувни гасови. Овие гасови
содржат отровен јаглерод
моноксид, гас без боја и мирис, како и
други штетни материи. Моторот
никогаш не смее да се пушти во
функција во затворени или во лошо
проветрени простории.
Стартување:
Внимателно стартувајте го уредот
почитувајте ги упатствата во поглавјето
Вклучување на уредот“ (Ö 10.).
Стартувањето според овие упатства ја
намалува опасноста од повреди.
Опасност од повреди!
Кога стартната сајла се враќа брзо,
дланката и раката се повлекуваат кон
моторот со внатрешно согорување
побрзо отколку што може да се отпушти
стартната сајла. Со овој повратен удар
може да дојде до скршеници на коските,
нагмеченици и ишчашувања.
При стартувањето, постојано
внимавајте на доволното растојание на
стапалата кон сечивото.
При стартувањето на моторот
машината не смее да биде во
наведната положба.
При стартување не смее да се користи
сигурносната рачка на погонскиот
систем.
Не го стартувајте моторот, доколку
каналот за исфрлање не е покриен со
дефлектор, односно со корпата за
искосена трева.
Работење на стрмни површини:
Стрмните површини секогаш да се
обработуваат попречно, никогаш по
должина.
Доколку корисникот при косење изгуби
контрола, би можел и да биде прегазен
од вклучената косилка.
Бидете особено внимателни кога на
стрмни површини ја менувате насоката
на движење.
Опасно по живот поради
труење!
Во случај на појава на гадење,
главоболки, пречки во видот
(на пример намалување на
видното поле), пречки во слухот,
вртоглавица, намалена
способност за концентрација,
веднаш да се прекине со работа.
Овие симптоми може да бидат
предизвикани меѓу останатото и
поради превисока концентрација
на издувни гасови.

Содержание

Похожие устройства

Скачать